Веќе ги држиме ножиците во раце: Дали овие кркми од 1970-те се најдоброто нешто што сте го виделе периодов?

Би пробале?

Ја погледнавме фамозната фризура на Матилда Дјерф од сите агли и заклучивме: ова лесно може да се изведе!

Секогаш кога ќе посакаме промена, се погледнуваме во огледало и тргнуваме кон косата. Бојата, израстокот, прамените, должината, текстурата, патецот… има многу работи што би можеле да ги промениме, а најчестата дилема е дали да направиме кркми или не?

Кркмите бараат голема посветеност и одржување, но прашањето е дали сме подготвени за таква обврска. И што ако видиме дека воопшто не ни стојат?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MATILDA DJERF (@matildadjerf)

Затоа и се воодушевивме од фризурата на инфлуенсерката Матилда Дјерф, а сличен стил носи и шминкерката Кејти Џејн Хјуз, како и мегапопуларната Џенифер Лопез. Слоевитите, полудолги кркми, кои незабележливо се спојуваат со долгите прамени, врамувајќи го лицето и создавајќи впечаток на разиграност и волумен, се вистински хит сезонава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MATILDA DJERF (@matildadjerf)

Ја прославиле Фара Фосит и Бриџит Бардо во 1970-те, ја носела и Голди Хоун, а Џулија Робертс покажала како изгледа на кадрава коса…

Моника Белучи ги испробала сите и советува: Овие фризури најдобро им стојат на жените постари од 50 години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.