Моника Белучи ги испробала сите и советува: Овие фризури најдобро им стојат на жените постари од 50 години!

Послушајте ја Моника!

Изборите на италијанскиот симбол на сензуалност и елеганција не се случајни

Што и да направи, Моника Белучи ја одржува својата елеганција и дури и денес, на 56 години, успева да изгледа младолико и свежо.

Нејзината тајна? Грижа за кожата и избор на паметни фризури.

„Шег“

„Шег“, односно подолг боб, се врати во мода кон крајот на 2019 година и оттогаш се смета за една од најмодерните фризури. Одличен избор е за жени повозрасни од 50 години, бидејќи на секој изглед му дава смела и младешка нота.

Класичен боб

Нема поелегантна фризура од класичниот боб. Исклучително краткиот, рамен, со врвовите свртени навнатре и со страничен патец изгледа добро на повозрасните жени. Истовремено е и модерен, а дава и илузија на волумен – нешто што на косата во шестата деценија од животот може да ѝ недостига.

Женствени кркми

Долгата коса со кркми е една од најпаметните фризури што можете да ги направите. Моника Белучи со оваа фризура успева да ја подобри женственоста што ја карактеризира, истовремено криејќи ги брчките на челото.

Фризура инспирирана од 1970-те

Најновата фризура на италијанската актерка се карактеризира со средна должина и интензивни бранови, што ѝ дава волумен на косата. Нејзиниот избор е да ја стилизира во стилот на 1970-те, што е многу паметно, бидејќи ја зголемува свежината и убавината на косата.

5 совршени фризури за жени со ретка коса: Се одржуваат брзо и лесно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.