Косата ќе ви изгледа бујно, и што е најважно – негувано!
Жените кои немаат густа коса најверојатно досега се увериле дека многу долгата коса не е најдобриот избор за нив. Средната должина на многу жени им е и омилена. Аргументите што му одат во прилог на тоа се: едноставна е за одржувања, доволно е кратка за нејзиното обликување да не бара многу време, а истовремено доволно е долга за да се собере во опавче или пунџа.
Ви претставуваме 5 фризури кои на косата ќе ѝ дадат волумен и здрав изглед:
1. Романтично брановидна
Можете лесно да ја обликувате дури и со виклери во домашни услови.
View this post on Instagram
2. Рамна до рамена
Рамно потстрижаната коса до рамена остава впечаток на здраво и бујно влакно. Можете малку да ја разбушавите, да ја исправите или да ја навиткате. Секое решение ќе изгледа фантастично.
View this post on Instagram
3. Невидливи слоеви
Станува збор за благо степенесто потстрижана коса до рамена. Исклучително е лесна за одржување и ѝ дава волумен на ретката коса.
View this post on Instagram
4. Кркми
Кркмите и косата со средна должина се најдобри пријателки. Без разлика дали ќе се одлучите за класични кратки рамни кркми или за моментално популарната завеса од кркми – нема да погрешите.
View this post on Instagram
5. Рамно фенирана
Некои ќе кажат дека е здодевна, а други дека е класик што не излегува од мода. Ако сакате рамно потстрижана и фенирана коса до рамена, малку подвиткана на врвовите – знајте дека нема да погрешите со оваа фризура.
View this post on Instagram