Формула за среќен живот на 94-годишна баба: „Кога станувам наутро, имам два избора – секогаш го одбирам вториот!“

5 тајни за среќа

„Староста е како сметка во банка, ги подигнуваш парите што самиот си ги ставил таму. Советувам на вашата сметка за спомени да ставите што повеќе среќни мигови“, вели оваа мудра баба

Преселбата во старечки дом е тема која секогаш предизвикува поделени мислења. Дали е почовечно да се грижите за старите родители во вашиот дом, иако тоа ќе значи дека нема да имате време за ништо друго, или сосема е во ред да им ја препуштите грижата за нив на професионалци?

Тоа што треба да се земе предвид во ваква ситуација е како се чувствува личноста што треба да се смести во дом во врска со тоа. Тоа не е секогаш лош избор, а доказ за тоа е приказната на старицата Татјана која пренесува важна лекција: среќата најчесто е избор, а животната среќа се крие само во 5 работи.

Еве ја нејзината приказна…

До 8 часот наутро, 94-годишната баба по име Татјана, веќе е облечена, дискретно нашминкана, уредно исчешлана. Подготвена е да се пресели во старечки дом.

Сопругот неодамна ѝ починал, па сега нема друг избор. И покрај тоа што трпеливо чекала со часови, таа седела сериозно и неподвижно, а се насмевнала само еднаш – кога ѝ соопштиле дека нејзината соба е подготвена.

На патот кон лифтот, медицинската сестра ѝ објаснила како ќе изгледа нејзината мала соба. Ќе има завеси кои личат на прозорци.

„О, ќе ми се допаднат завесите“, било првото нешто што го кажала бабата Татјана, и тоа со ентузијазам на дете кое штотуку ја добило играчката што ја посакувало.

Сестрата се исплашила од избрзаната реакција и од можното разочарување подоцна, па внимателно ѝ рекла:

„Да почекаме прво да ги видите. Можеби нема да ви се допаднат.“

„Не е важно. Среќата се одлучува однапред. Како изгледа мојата нова соба не зависи од распоредот и од изборот на мебел, туку од начинот на кој функционира мојот мозок. Таа одлука ја носам секое утро, штом се разбудам. Имам избор да го поминам целиот ден во кревет, размислувајќи за мојата болест и деловите од телото што веќе не ми припаѓаат, или да почувствувам радост и благодарност за секој нов ден. Секој ден го доживувам како подарок и сè додека сум жива, ќе мислам само на убавите спомени“, рекла бабата и додала:

„ Староста е како сметка во банка, ги подигнуваш парите што самиот си ги ставил таму. Советувам на вашата сметка за спомени да ставите што повеќе среќни мигови“, раскажала и повторно замолкнала.

Подоцна ги открила своите 5 едноставни правила за среќа:
  • Прочисти го срцето од злоба.
  • Прочисти го мозокот од грижи.
  • Живеј што е можно поедноставно.
  • Давај колку што можеш повеќе.
  • Не очекувај премногу.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.