Бисквит-тортата ја обожаваат сите генерации: Мека и сочна, совршена за секоја пригода!

Богата торта со три кори и два фила

Оваа торта е совршен избор за најсвечените пригоди, кога сакате да оставите најдобар можен впечаток

Кога сакате да ги израдувате вашите сакани со совршен десерт или да ги послужите гостите на свечена пригода, не постои подобар избор од раскошната бисквит-торта.

Состојки:

За кората (се печат три):

  • 4 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 50 г мелени ореви
  • 1 лажица меко брашно

За првиот фил:

  • 12 жолчки
  • 12 лажици шеќер
  • 800 мл млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 250 г маргарин
  • 100 г шеќер во прав
  • 150 г мелени бисквити

За вториот фил:

  • 200 мл слатка павлака
  • 200 г кисела павлака
  • 150 г мелени бисквити
  • малку млеко
Приготвување:

Со миксер изматете ги белките пенесто, па додавајте шеќер со непрекинато матење, додека добиете цврста и сјајна пена. Потоа, додајте мелени ореви и брашно и сето тоа заедно соединете го со лажица. Префрлете ја смесата во обложен плех со димензии 32х22 см, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.

Вклучете ја рерната кога ќе почнете да ги приготвувате корите. Печете ги сите три кори околу 15 минути во претходно загреана рерна.

Изматете ги жолчките, пудингот, кристалниот шеќер и малку ладно млеко во смеса без грутки. Остатокот од млекото ставете го да зоврие, па кога ќе зоврие, сварете ја изматената смеса и мешајте додека се згусне. Тргнете ја смесата од рингла, па покријте ја со кеса или со фолија, па оставете ја да се олади. Пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Маргаринот мора да биде на собна температура, за да омекне и полесно да се измати. Оладениот пудинг изматете го со миксер, па додајте го изматениот маргарин и сето тоа матете го заедно. Потоа, додајте ги и бисквитите, па повторно изматете.

За вториот фил, изматете слатка павлака, додајте кисела, повторно изматете, па додајте бисквити. Смесата ќе биде густа, па додајте малку млеко (околу 100 мл) и изматете. Ако сè уште е густа, додајте уште малку. За да може убаво да се мачка, не смее да биде густа, бидејќи нема да можете да ја развлечете.

На првата кора нанесете го првиот фил, па вториот фил. Ставете ја втората кора, првиот фил, вториот фил, па третата кора. Премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил и декорирајте по желба. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер прекуноќ, па послужете ја утредента.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.