Жените на 50 години треба да носат костим со ваков крој: Ги крие недостатоците, а многу е елегантен!
Совршен модел
Селма Хаек се појавила на свечен настан во костим што претставува модна лекција за сите времиња
Селма Хаек (57) се појавила на црвениот килим елегантно облечена во светкав триделен костим со машки крој.
Широк, но елегантен – овој костим совршено им прилега на сите форми на тело, бидејќи ги нагласуваат најубавите облини кај жената.
Во него, вишокот килограми никогаш нема да дојдат до израз, додека од друга страна, ќе ја истакне вашата елеганција. Сè што ви треба со него се добри салонки, кои дополнително ќе ве издолжат и ќе ве направат неверојатно атрактивни.
Освен тоа, сите ги интересира како Селма Хаек ја одржува својата фантастична става на прагот од 7. деценија. Актерката никогаш не криела дека ретко вежба, но се труди да одвои време за јога.
Исто така, обожава да оди на долги прошетки со своите кучиња, обожава пливање, масажа и цедени сокови.
„Сите имаат слабости, а мојата е храната. Ако обожавате храна, а се наоѓате во Франција, истовремено сте и на добро и на лошо место“, изјавила ѕвездата.
Хаек е голем љубител на мексиканската кујна и нејзиниот омилен ресторан е наградуваниот „Пујол“ во Мексико Сити. Не може да го посетува онолку колку што би сакала, бидејќи живее далеку, па често приготвува свои верзии на мексикански јадења за вечера.
Коментарите се заклучени.