На Света Петка секоја жена треба да го направи ОВА: Аманет што останал од нашите баби и мајки

Што треба да правите на Света Петка?

Денес е Света Петка, празник што многу се почитува и цени во христијанскиот свет

Света Петка е еден од најважните „женски“ празници. Се верува дека ова е ден кога жените треба да ѝ се посветат на молитвата, да одат во црква и да запалат свеќа. Многу луѓе токму на овој ден доживеале чуда што со години се прераскажуваат, па затоа многу е важно да се празнува овој ден и да ѝ се посвети токму на Света Петка.

Жените на овој ден имаат само една задача, а тоа е молитвата. Се верува дека на Света Петка не треба да вршите тешки физички работи и да се оптоварувате со што било друго освен со молитва.

Оваа светителка се појавува и ги предупредува своите верници, најчесто, преку соништата. На овој ден, 27 октомври, многумина параат помош од Света Петка, палејќи темјан и полевајќи славска погача со црвено вино, спомнувајќи ја светителката во молитвите. Потоа, пијат вода собрана од извори во манастирите посветени на неа.

Оваа славна и многу почитувана светителка се смета за заштитничка на жените, која им помагала на болните и сиромашните.

Потекнувала од богато и побожно семејство. Имала брат, кој се викал Евтимиј и кој се закалуѓерил многу млад, за подоцна да стане епископ Мадитски. Уште како девојче, додека одела во црква со мајка ѝ, таа била многу побожна. По смртта на нејзините родители, го напуштила родителскиот дом и отишла во Цариград, каде што се закалуѓерила во црквата Света Софија, а потоа заминала во Јорданската пустина.

Покрај храмовите на Света Петка често има извори на лековита вода што луѓето ја земаат, верувајќи дека ќе им ги залечи раните и ќе ги заштити од болести.

Параскева била родена во Епиват, кај градот Каликратија во Мала Азија, кон крајот на 10. или почетокот на 11. век. Според преданието, Света Петка долги години поминала во пустина, во пост, молитва и осаменички живот. Верувањето вели дека на сон ѝ се појавил ангел и ја упатил во туѓина за да ја шири Христовата вера. Затоа, Света Петка на иконите е претставена во калуѓерска облека, со крст во раката.

На нејзиниот гроб се случувале чуда. Бугарскиот цар Јован Асен во 1238. година, според некои извори ги украл, а според други, само ги пренел моштите на Параскева во својот главен град Трново. Кога Турците ја освоиле Бугарија, по заповед на султанот Бајазит, ги пренеле моштите во молдавскиот град Јаш.

Кнегињата Милица во 1936. успеала да ги измоли моштите на светителката и да ги погреба во црквата Ружица на Калемегдан. Султанот Сулејман Втори ги пренел моштите на Света Параскева во Цариград во 1521. Конечно, во 1641. цариградскиот патријарх Партениј му ги подарил моштите на молдавскиот кнез Василиј Лупул, кој ги пренел во Јаш и ги положил во црквата Свети три Ерарси, каде што се и денес.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.