Нови детали за момчето на Рада Манојловиќ: Разведен, татко на две деца и долгогодишен соработник на пејачката (ФОТО/ВИДЕО)

Како се бакнува со човекот...

Фото: Андреја Дамњановиќ

Популарната пејачка неодамна беше снимена како се бакнува со човекот…

Рада Манојловиќ нема долга врска во последните години, а неодамна беше „фатена“ со непознат за јавноста маж додека разменува нежности покрај автомобилот.

Иако видеото е снимено ноќе, јасно се гледа дека пејачката двапати го прегрнува мажот и го бакнува во уста.

Иако е очигледна нивната блискост, Рада не сакаше да потврди дека се работи за ново момче:

„Владо ми е многу добар пријател пред се, а потоа и соработник повеќе од три години. Моментално немам момче, но немам и време за љубов, бидејќи сум зафатена со мојата работа и со завршување на албумот што го ветив на моите фанови“, изјавила во еден здив Рада.

Инаку, Владо е на возраст со Рада и зад себе има брак и деца.

„Тој е човек на кој можеш секогаш да се потпреш“, тврди добро упатен извор.

Инаку, многу луѓе во елитата на Белград го познаваат и приказните кои кружат за него се дека е сосема коректен, одличен и верен пријател.

Фото: социјални мрежи

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.