Овој викенд започнува „Skopje Beer Weekend“: ДНК, Бени, Ламбе, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Џони и по некој пејач од соседството! (ФОТО)

Ќе се пие пиво и ќе се слуша добра музика!

Овој викенд Скопје ќе биде најатрактивното место за незаборавен помин, ќе ечи убава квалитетна музика и ќе се пие најубавото пиво. Со задоволство ви го најавуваме првото издание на “Skopje Beer Weekend”, четири денови резервирани за одлична забава, ладно пиво, вкусна храна и богата музичка програма!

Фестивалот започнува во четврток 14 септември и ќе трае до недела 17 септември, секоја од вечерите стартот на музичката програма е од 18 часот и ќе трае до 01 часот по полноќ. Локацијата е во најголемата скопска општина Аеродром, на паркингот од спортскиот центар Јане Сандански веднаш до паркот на езерцата!

Списокот на изведувачи е навистина импресивен, настапуваат: Амадеус бенд, Ален Исламович со својот бенд, ДНК, Бени Нон-Стоп, Дац и Александар, Бојана Скендеровска, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Џони Лајв, Џек Даниел…

Отворањето на фестивалот ќе биде посебно и неповторливо, ве очекува  специјално кабаре шоу на EAT THE BEAT кое не смеете да го пропуштите.

Влезот ќе биде бесплатен и организаторите Ве канат заедно да започнеме традиција!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.