Му рекла дека прв пат излегува со дебел човек, и тој се „преполовил“: Текстописецот Александар ослабе до непрепознатливост!

Бил мотивиран...

Веруваме дека многумина од вас се сеќаваат на Александар Стевановски, момчето кое што во далечната 2016-та година имаше своевидно спектакуларно шоу во “Ѕвездите на Гранд” за кое што долго се дебатираше во јавноста.

По неколкуте обиди за пеење Александар одлучи да стави точка и да отвори ново поглавје на професионален план, односно, да се посвети на пишувањето песни.

Иако денеска може да се пофали со завиден успех во создавањето музика, особено со песни за Ѓоко Јовиќ, фронтменот на “Енерџи Бенд”, очигледно Александар во љубовта никако не успева да најде баланс.

Дека тоа е така, потврдува и сознанието за причината која што го натерала да изгуби повеќе од 16 килограми за нешто помалку од три месеци.

На ваков пресврт го натерала љубовта кон една девојка.

„Да. Точно е дека главната причина за моето слабеење е обид за навреда од девојка. Иако, претходно и мои блиски луѓе ми укажуваа на тоа дека морам да го променам начинот на живот и да направам нешто со себе во однос на килограмите. Знаев дека морам да почнам од некаде ама ми фалеше нешто што ќе го запали фитилот. На крајот, сепак, пресудно беше едно мое излегување со една преубава девојка. Се уште во глава ми одѕвонуваат нејзините зборови: “Ти си првиот дебел човек со кој што сум излегла”, и секогаш кога ми е напорно вежбањето токму тие нејзини зборови ми даваат мотивација и ме тераат како Феникс да се издигнам над предрасудите и стравот од неуспех. Така, сосема несвесно и без да забележам, јас изгубив повеќе од 16 килограми за краток период, па почнав да добивам и комплименти кои што ми се мотив плус да си го наметнам здравиот начин на живот како животна навика а не како привремено решение. Едно е сигурно: Јас повеќе со таа девојка не се гледам. Благодарен сум на Бога што ми дал трошка свест да знам да рассудувам и во “навредите” да гледам критика и мотивација кои ќе ги демантираат оние кои што посакале да ме навредат. Девојката еден ден сигурно ќе ми биде инспирација за некоја нова песна а јас ќе продолжам да работам на себе бидејќи тоа ме исполнува. На крајот и таа ме пофали (ха-ха)“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.