Нови правила во Гранд, Поповиќ добива ментор? Не може да претпоставите кој и зошто го одбра, другите збеснаа! (фото)

Се менуваат правилата на игра или така се чини?

Секое зошто има свое затоа што…

Креативниот директор на „Гранд продукција“ и најголем шоумен, Саша Поповиќ, не крие дека фаворити во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ му се Светлана Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ со кои често влегува во расправии и конфликти, но и знае и да ги пофали.

Меѓутоа, сега Саша Поповиќ откри дека кога тој би бил кандидат за ментор никогаш не би ги избрал нив двете, иако порано тврдеше дека во таква ситуација тоа би била Цеца.

„Јас сакав да се протнам кај Ана Бекута, но таа никогаш не изрази желба за мене“, рече Поповиќ.

„Стар си затоа“, му врати Ана, а на тоа Саша и врати:

„Но јас сум помлад од Босанецот, само да знаеш. Од мене извира младост, види го Босанац како едвај зборува!“

Но што го предомисли да се откаже од Цеца? Причината е помалку смешна!

„Порано тврдев дека ако сум натпреварувач за ментор ќе ја одберев Цеца, но во последно време се предомислувам. Сега би се фатил за Ана или Снежана. Причината е едноставна, кога и да дојдат нивните натпреварувачи на проба тие постојано имаат нешто за јадење и грицкање. И Ана и Снежа често јадат димена сланина, кулен па и ќебапи. Вие јадете многу, а и јас последно време обожавам да јадам. Би биле идеален кандидат и ментор, без разлика која ќе ме подучува“, рече Поповиќ.

На тоа му врати Снежана, а Ана само слатко се насмеа.

„Штом се работи за храна, примен си“, рече Снежана.

За потсетување, во неодамнешна епизода на „Ѕвездите на Гранд“ имаше мала кавга меѓу Саша и Снежана Ѓуришиќ, а се започна со неговиот коментар за килограмите на Ѓуришиќ и Бекута.

Фото: принтскрин Јутјуб „Ѕвездите на Гранд“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.