Саша Поповиќ откри којa му е омиленa водителкa: „Би сакал да се врати на телевизија, ги врти другите со малиот прст“ (ВИДЕО/ФОТО)

Би сакала да се врати!

Веднаш одлучил замена на Сања да биде Ана…

Пејачката и водителка Ана Севиќ доаѓа на местото на Сања Кужет во Ѕвездите на Гранд, а креативниот директор на Гранд Саша Поповиќ откри дека таа му била и прв и единствен избор, иако медиумите шпекулираа за разни водителки.

Во интервју, Поповиќ изјави дека веднаш одлучил замена на Сања да биде Ана, а откри и која според него е најдобра водителка.

„Многу водителки би можеле да го водат овој проект, тој дел не е толку напорен како да се биде член на жирито. Сега слушнав дека Тамара Раониќ, која работеше во Гранд седум години, сака да се активира. Според мене, таа е една од нашите најдобри водителки кога е во прашање шоу програмата, кога се работи за забавни емисии, ги ври на малиот прст. Ќе ми биде мило ако се врати, не мислам во Ѕвездите на Гранд, туку на телевизија“, рече Саша.

На изјавата на новинарот дека Тамара би сакала да се врати на малите екрани, низ насмевка Саша одговори:

„Како изгледа? хахахах“, се насмеа Поповиќ.

Бидејќи во медиумите се шпекулираше кој ќе ги води Ѕвездите на Гранд, не интересираше и дали некоја од водителките сама се понудила да биде дел од најгледаната шоу програма.

„Никоја не ми се јави. Веднаш ги известив членовите на жирито и сите се задоволни што новата водителка е Ана Севиќ“, одговори Саша.

Фото: принтскрин

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.