Жените ширум светот злоупотребуваат лек за дијабетичари за да ослабат, а таа ги дуплирала килограмите поради него!

Еден чекор бил кобен

Моделката со прекумерна тежина Реми Бадер, ги дуплирала килограмите откако престанала со консумирањето на лекот „Оземпик“

Гостувајќи во подкастот „Не сум слаба, но не сум дебела“, плус-сајз моделката Реми Бадер ѝ го открила на водителката Аманда Хирш несаканото дејство на популарниот лек за слабеење.

Откако престанала да го пие лекот, Бадер ги дуплирала килограмите и била подебела одошто била пред да почне да го консумира.

Манекенката истакнала дека се нервира поради тоа што лекот станал популарен, а нејзе ѝ бил препишан поради „вистински здравствени проблеми“.

Кога ѝ откриле дијабетес во почетна фаза, со инсулинска резистенција и зголемување на тежината, нејзиниот лекар веднаш ѝ препишал „Оземпик“, бидејќи е одобрен од страна на Администрацијата за храна и лекови.

Бадер рекла дека тоа било лош избор, бидејќи состојбата ѝ се влошила. Таа навистина ослабела, но откако престанала со консумација, ги дуплирала своите килограми.

„Ми кажаа дека така треба. Имав измешани чувства“, рекла Бадер.

„Бев на доктор и тој ми кажа дека причината за тоа 100 отсто е поради тоа што сум користела Оземпик. Тој ме наведе да мислам дека долго не сум била гладна и дека малку сум изгубила тежина. Не сакав да бидам долгорочно на лекот. Претпоставив дека кога ќе престанам да го пијам, повторно ќе морам да гладувам. И гладував, мојот глад стана многу полош. И за тоа го обвинувам Озимпек.“

Таа нагласила дека лекот треба да го пијат само луѓе со вистински проблеми.

Лекот „Оземпик“ се зема со рецепт. Одобрен е од страна на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и се прима со инјекција во бутот, стомакот или раката.

Обично се користи за намалување на шеќерот во крвта кај луѓе со дијабетес тип 2. Семаглутидот го стимулира производството на инсулин и влијае врз деловите од мозокот што го регулираат апетитот.

Неодамна, „Озимпек“ стана трендовски лек благодарение на социјалните мрежи, откако корисниците на ТикТок шпекулираа дека бројни познати личности го земале овој лек за слабеење, иако немале дијабетес или клиничка гојазност.

Како последица на масовното полудување по овој тренд, во Америка дошло до дефицит на лекот, поради што многу луѓе со реални проблеми не можеле да ја земат својата терапија.

Луд и бизарен начин на слабеење: Ким Кардашијан е подготвена на сè за да ги симне килограмите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.