Луд и бизарен начин на слабеење: Ким Кардашијан е подготвена на сè за да ги симне килограмите!

Неверојатно

Ким Кардашијан многу сериозно го има сфатено слабеењето, па сега користи лекови за дијабетичари за да ги симне килограмите

Се зборува дека Ким Кардашијан ослабела повеќе од 14 килограми од минатата Мет Гала, кога почнала да држи диета за да влезе во фамозниот фустан на Мерилин Монро.

Оттогаш нејзината трансформација не престанува, а сите се прашуваат како ѝ успева да ослаби толку токму сега, кога неуспешно се бори со килограмите со години.

А потоа се прочу нешто неверојатно: Ким и Клои Кардашијан ослабеле благодарение на инјекциите наречени оземпик.

Во последнава година, лекот наменет за дијабетес тип 2, во скапите клиники се нуди и како третман за слабеење, а месечната цена изнесува од 1000 до 1500 долари.

За да бидат нештата уште побизарни, го користат и некои лекари што го продаваат за естетски цели и тврдат дека практично немаат никакви несакани последици, освен мала мачнина кога консумираат помасна храна.

Се почнува со помали дози, кои со текот на времето се зголемуваат, а некои пациенти покрај како „обична диета“, го користат и како дел од протоколот пред и по липосукција. Покрај тоа, по првите неколку пати, пациентите можат сами да си ја стават инјекцијата (исто како и оние што боледуваат од дијабетес), па немаат потреба ни да одат на лекар.

Изгледа дека Ким сериозно го сфатила овој лек, па изминативе неколку месеци буквално се преполови. Сите го забележаа драстичното губење килограми, а на Твитер се започна полемика околу тоа како ѝ исчезнале сите облини на познатата старлета.

Што се случило со градите на Ким Кардашијан: Облините сосема ѝ исчезнале, никогаш не изгледала послабо
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.