Кремливи коцки со ореви: Не постои повкусен старински колач, а готов е за помалку од 20 минути

Одличен рецепт

Ви предлагаме едноставен рецепт за кремливи коцки со ореви

Состојки:

За кората:

  • 10 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 200 г мелени ореви
  • 10 г прашок за печиво

За филот:

  • 10 жолчки
  • 150 г шеќер
  • 100 г брашно
  • 600 мл млеко
  • 200 г мелени ореви
  • 250 г маргарин или путер
Приготвување:

Во поголем сад изматете ги белките со шеќерот за да добиете цврста пена. Префрлете ги во подмачкан или обложен плех од рерна со димензии 42х32 см. Печете 18 до 20 минути, во зависност од рерната. Оставете ја да се олади, па испечената кора пресечете ја во должина, за да се добијат две помали.

За филот, измешајте жолчки, шеќер, брашно и 200 мл ладно млеко. Соединете ја смесата со жица, така што нема да има грутки. Преостанатото млеко ставете го на шпорет да зоврие.

Во зовриеното млеко додајте ги жолчките и мешајте додека се згуснат. Тргнете го од оган, па покријте го филот со кеса или фолија и оставете го да се олади. Ако го префрлите филот од тенџерето во друг сад, побрзо ќе се олади.

Оладениот пудинг од жолчки изматете го со миксер. Посебно изматете го омекнатиот маргарин или путер, па на двапати додајте му го пудингот од жолчки со непрекинато матење. Филувајте ги двете кори со добиениот фил. Редењето оди: кора, крем, кора крем.

Декорирајте по желба, најчестиот избор е со чоколадо, но вие одберете сами.

Најбрзите ситни колачи: 5 вида што не се печат, а идеални се за свечени и празнични трпези
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.