Телото го довела до совршенство, па направила уште една одлична трансформација: Никогаш не изгледала поубаво!

Неверојатна трансформација на Ким Кардашијан

Неверојатната трансформација ја ставила старлетата во фокус и ја направила неодолива

Ким Кардашијан, која престижниот магазин GQ ја одбрал за „маж на годината“, а ѝ ја доделил и титулата „тајкун на годината“, е мајсторка за привлекување внимание. Имено, овој пат се нашла во центарот на интересот откако на доделувањето награди од споменатиот магазин се појавила во неверојатно издание.

Старлетата повторно се одлучила за промена на бојата на косата, а овој пат одбрала малку поинаква нијанса од платинесторуса. Прамените со боја на мед и пократката коса направиле да изгледа помладо и посвежо, но интересно е што никогаш не била послаба.

Луѓе блиски на Ким велат дека милионерката плачела, особено затоа што нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест дополнително ѝ набивал комплекси, велејќи ѝ дека не смее да си дозволи да изгледа така, сè додека се занимава со работа што ѝ зависи од добриот изглед.

Меѓутоа, се чини дека врската со новиот партнер и тоа како ѝ годи, со оглед на тоа што никогаш не изгледала подобро и попривлечно. Нејзините извајани, вретенести раце биле во прв план, а многумина веруваат дека зад нејзината промена стои тим на експерти, кои се заслужни за резултатите.

Ким токму во 2017 година, кога Канје ѝ набивал комплекси, ги ангажирала најдобрите тренери и нутриционисти, сè со цел да го доведе телото до совршенство – што и го направила 6 години подоцна.

Верувале или не, Ким Кардашијан е прогласена за „Маж на годината” (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.