Диетата на Елизабет Тејлор со која ослабе 28 килограми и си го врати беспрекорното тело

Елизабет Тејлор знаела да ужива во животот, но по потреба се враќала на омилената диета со која не се изгладнувала

Во 1960-тите Елизабет Тејлор дефинитивно важеше за една од најубавите жени на светот, а својот изглед го должи на правилата за исхрана што ги следеше. Сепак, и таа беше жива личност, како секој од нас.

Познатата актерка за појадок јадела изматени јајца, сланина и коктел од мимоза. За ручек јадела француски леб полнет со путер од кикирики и сланина. Нејзиниот најбогат оброк бил вечерата, која буквално била вистинска гозба.Тогаш јадела пржено пилешко, грашок, сос, пире од компири, пченкарен леб, бисквити и полна чаша Џек Даниелс.

Таквиот начин на исхрана во еден момент „дојде да ѝ наплати“. За време на нејзиниот петти брак, Тејлор се здебелила 82 килограми. Тогаш решила да ги намали, па со упорна диета успеала да се врати на 55 килограми.

Во 1987-ма година, Елизабет објави книга за нејзината исхрана, „Elizabeth Takes Off“, која стана бестселер.

Лесно е да станете опседнати со калории. Но, тоа не е начинот на слабеење – напишала холивудската ѕвезда. Таа во книгата објавила и бројни рецепти за јадењата кои ги консумирала за време на диетата. Како што вели, ослабела и ретко била гладна.

Во книгата објавила и бројни рецепти за јадењата кои ги консумирала за време на диетата.

Диетата на Елизабет Тејлор

Прв ден

Секој појадок на диетата Лиз Тејлор е ист: тост и парче овошје. За вечера е филе сабјарка со сок од лимета.

Втор ден

Вториот ден го појадува истото, додека вечерата е стек со леб и путер од кикирики.

Исто така, Лиз ги охрабри своите обожаватели да закачат фотографија од нивното најдебело издание на фрижидерот. Тоа го сметала за инспирација да не се откаже од диетата.

Трет ден

Тејлор препорачува да јадете сос од павлака со зеленчук секој ден во 15 часот. За вечера има пире од варен зеленчук и домати.

До крајот на првата недела, сите треба да се навикнат на новиот режим, а Лиз советува да се почестиме со храната од нашите соништа еднаш на секои седум дена. Еднаш изедете цела пица и кутија сладолед.

Осми ден

Покрај типичниот појадок и павлаката со зеленчук, вечерата е филе од риба. Дозволено е консумирање на било која риба или парче месо, како телешко.

Четиринаесетти ден

На крајот на втората недела на менито има уживање: салата од туна со домат, грејпфрут, млад кромид и паста од мајонез.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.