Рецепт за највкусен посен мајонез од лимон

Превкусно!

Потребни состојки:

6 рамни лажички нишесте
24 лажички вода
3 лажички сенф
9 лажички масло
сок од половина лимон
црн пипер
сол

Приготвување:

Шест рамни лажици нишесте добро измешајте ги со 24 лажички вода додека се разбие секоја грутка, па сварете се’ заедно додека се згусне.

Кога смесата ќе се излади, со постојано матење со миксер додајте прво 3 лажички сенф, а потоа една по една 9 лажички масло и на крај сок од половина лимон.

Мешајте со миксер додека смесата стане компактна. Потоа, додајте сол и црн пипер според вкус.

Оставете го да стои на студено, најмалку 1 час пред да послужите или користите во другите посни јадења.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.