Стомакот толку многу ѝ се дуе прекуноќ што сите мислат дека е бремена: „Понекогаш заборавам дека во ред е да бидам тоа што сум“

Како Селена Гомез се бори со вишокот килограми?

На пејачката ѝ недостасуваат деновите од минатото, но ја прифаќа својата судбина и им порачува на фановите дека не ѝ е гајле за ништо

Селена Гомез остро ги осудила сите што се обидуваат да ги посрамотат жените поради изгледот и нивната тежина, па решила да шири малку телесна позитивност.

„Не сум совршена, но горда сум на тоа што сум… понекогаш заборавам дека во ред е бидам тоа што сум“, изјавила пејачката на оваа тема.

Селена открила дека лековите што ги пие за автоимуната болест лупус се одговорни за нејзиниот изглед. Имено, поради истата болест морала да направи трансплантација на бубрег во септември 2017 години. Нејзината пријателка Франша Раиса донела одлука да го донира својот бубрег на Гомез, која на само 24 години претрпела оштетување на органот поради дијагнозата лупус.

Селена е свесна дека никогаш веќе нема да изгледа како порано и дека не изгледа како манекенка, ниту пак некогаш ќе изгледа така, но таа е во ред со тоа. Објаснила дека поради терапијата нејзиното тело задржува многу вода, но не може да живее без неа, па им порачала на хејтерите дека не ја допираат нивните навреди.

Во минатото често плачела затворена во соба поради разните коментари што ги добивала, а во еден момент дури и се борела со депресија, но одлучила да застане на нозе и да им даде пример на девојчињата и жените ширум светот. Бескрајно им е благодарна на своите обожаватели за поддршката што ѝ ја даваат и настојува да ги инспирира. Сака да знаат дека секој човек е прекрасен и посебен.

Исто така, оваа музичка ѕвезда нагласила колку поважно е здравјето од физичкиот изглед. По доделувањето „Златни глобуси 2023“, осврнувајќи се на коментарите изјавила:

„Искрено, не ми е гајле за мојата тежина, бидејќи луѓето и онака зборуваат, ништо не им одговара, ни кога си преслаб, ни кога си преголем, ми се плаче поради тоа…“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.