„Бев клинички мртва, ме шокира тоа што го видов“: Искуство на жена која докторите едвај ја вратиле во живот

Исповед на жена која доживеала клиничка смрт

Стефани Арнолд била клинички мртва, а потоа ги слушнала докторите како велат: „ова не смее да се случи“

Стефани Арнолд од Америка, за време на својата втора бременост имала голем страв од смртта. Во најновиот документарец на Нетфликс „Да се преживее смртта“, раскажала како доживеала клиничка смрт, токму по второто породување, при што била мртва 37 секунди.

Откако доживеала силно крвавење, Стефани паднала во клиничка смрт.

„Имав силно претчувство дека ќе се случи нешто лошо, не знаев што. Кога некој ќе ме прашаше како оди бременоста, првото нешто што ми доаѓаше да го кажам е дека чувствувам дека ќе умрам“, раскажала Стефани.

Страшно е тоа што Стефани била во право. Откако го родила синот Џејкоб, нејзиното срце престанало да чука и била мртва 37 секунди.

„Имав чувство како да сум во 3Д филм и како да се гледам себеси надвор од своето тело. Како да бев над себе, а во некои моменти и покрај себе. Видов сѐ што се случуваше во собата. Ги видов докторите како ме оживуваат. Некако сѐ се движеше околу мене, ги видов сите драги луѓе – дури и баба ми која почина пред 10 години. Се појави и братот на мајка ми, заедно со ќерка ми и мајка ми“, раскажала Стефани.

Се сеќава и дека докторите во паника велеле дека тоа не смее да се случи, дека не смеат да ја изгубат. А потоа, почувствувала силен притисок во стомакот и се вратила во живот. Потоа, шест дена била во предизвикана кома, а едниот бубрег ѝ откажал. Повторно морала да научи да зборува и да оди, а целата ситуација оставила голема трага во нејзиниот живот.

Погледнете ја нејзината приказна во видеото во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.