Заврши „Skopje Beer Weekend“: Многу литри испиени пиво, македонска музика и забава за паметење!

До следната година!

Многу испиени кригли пиво, стотици весели распеани луѓе и одлична фестивалска енергија . Во четирите вечери колку што траеше првото издание на Skopje Beer Weekend, успеа да ги сплоти сите љубители на ладно пенливо пиво и одлична музика во една неодолива атмосфера.

Пивото испреплетено со насмевки, љубов и музика комплетно ги освои скопјани но и посетителите од другите делови од Македонија. Овој фестивал се докажа како искуство кое дефинитивно има можност да стане традиција која не смее да се прескокне.

Фестивалот помина во најдобар ред, сите се задоволни од цело вкупната организација, но особено од музичката програма. На сцената настапија дел од нашите најдобри музички имиња: ДНК, Бени и Нон-Стоп, Дац и Александар, Бојана Скендеровска, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Џони Лајв, Џек Даниел, а да не заборавиме на ѕвездите од соседството, неверојатните Амадеус Бенд и легендарниот Ален Исламович.

Организаторите задоволни од посетеноста и се уште под силни импресии уште од сега почнаа да го планираат следното издание на Skopje Beer Weekend, ветуваат уште една незаборавна фестивалска дружба, но до тогаш ќе се присетуваме на сите мигови кои Skopje Beer Weekend 2023 го направија посебно доживување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.