ДНК ја добија престижната награда „13 НОЕМВРИ” (ФОТО)

Браво момци

Познатото музичко дуо ДНК пред два дена ја доби престижната награда “13 НОЕМВРИ” во областа на хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот и пошироко, за што се заслужни сите нивни синглови, албуми, солистички и хуманитарни концерти.

Панчо и Андреј беа дел од свечената церемонија пред два дена која се одржа во кинотека на Македонија каде им беше доделена значајната награда.

Ова е дефинитивно нашата најзначајна награда со оглед на тоа што градот Скопје ни ја додели во областа на хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот и пошироко, за што се заслужни нашите синглови, албуми, солистички и хуманитарни концерти и се разбира, Вашата поддршка како во последниот период така и последните 21 година. За крај, голема благодарност до Град Скопје.”

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.