Спиела со 200 мажи благодарение на улогата на секси мајка: Денес има 62 години и никогаш не изгледала подобро!

Денес изгледа феноменално

Џенифер Кулиџ освои награда „Еми“ за најдобра споредна улога во ТВ-серијата „Белиот лотос“

Џенифер Кулиџ се појавила на доделувањето награди „Еми“ за да го земе признанието за најдобра споредна актерка во хит-серијата „Белиот лотос“, а за таа пригода облекла прекрасен фустан од тантела, што совршено ја истакнувал нејзината става.

Џенифер ја кренала публиката на нозе додека излегувала да ја прими наградата за најдобра споредна актерка. Иако креаторите на ТВ-серијата „Белиот лотос“ најавија трета сезона, изгледа дека Џенифер Кулиџ, сепак, нема да се појави во неа, бидејќи нејзиниот лик дефинитивно е мртов, а тоа го потврдила и самата актерка.

„Сакам да им се заблагодарам на сите злобни гејови“, се пошегувала актерката, која во ТВ-серијата ја убиваат токму геј-ликови на брод.

Откако се врати на филмското платно, Џенифер Кулиџ стана апсолутен хит. Многумина ја опишаа нејзината глума во серијата „Белиот лотос“ како фантастична, а за тоа сведочат и бројните награди што ги доби актерката.

Инаку, Џенифер Кулиџ на почетокот од 2000-тите му стана сон на секој тинејџер во моментот кога се појави во филмот „Американска пита“. Самата актерка признала дека токму таа улога многу влијаела и врз нејзиниот сексуален живот.

Миленичката на публиката и на ЛГБТ-заедницата рекла дека благодарение на филмскиот хит спиела со 200 мажи, како и дека од 1999 година најмногу ѝ нуделе улоги на секси мајки.

„Тој филм ми донесе многу придобивки. Како да кажам, да не беше тој, не би имала спиено со 200 луѓе. Можеби го добив сето тоа внимание само затоа што луѓето и понатаму ме гледаа како мајката на Стифлер или поради улогата во ‘Легално русокоса’. Пред тоа имаше луѓе до кои не можев да стигнам, а потоа тие ме бараа мене за да бидам дел од нивните проекти“, открила Кулиџ.

Имено, делот од приказната во филмот „Американска пита“ во кој Џенифер Кулиџ го заведува пријателот на својот син, а потоа има и интимни односи со него, е заслужен за етикетата „МИЛФ“.

Џенифер Кулиџ изјавила дека пред снимањето на ТВ-серијата „Белиот лотос“ била многу незадоволна од изгледа, бидејќи качила килограми за време на карантинот.

„Не ми се допаѓаше како изгледам, иако Мајк Вајт (режисерот на серијата) ја напиша улогата специјално за мене. Не знаевме дека ќе стане хит. За малку ќе ја пропуштев шансата, само затоа што бев убедена дека не изгледам како што треба“, рекла Кулиџ.

И додека се подготвува третата сезона на ТВ-серијата „Белиот лотос“, со нетрпение го очекуваме нејзиното емитување, бидејќи најавено е дека во неа ќе се појави и српскиот актер Милош Биковиќ.

Спиела со 200 мажи и си го уништила лицето со ботокс: Сега купила куќа од 3 милиони долари, а се жали дека нема пари
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.