Го погребала поранешниот партнер поради канцер, го лекувала сопругот, па и таа се разболела: Нема поголема трагедија од нејзиниот живот

Водела тешки битки и отворено зборувала за тоа

Која е актерката што го лекувала сопругот, па и таа се разболела од опасна болест?

Марша Корс толкуваше една од четирите главни улоги во ТВ-серијата „Очајни домаќинки“, таа на Бри Ван де Камп. Оваа телевизиска приказна се емитуваше од 2004 до 2012 година, а и денес се репризира на малите екрани. Беше многу гледана кај нас, а специфичната Бри ги освои симпатиите на многумина со својот необичен начин на живот.

На Марша во декември 2017. ѝ била дијагностицирана опасна болест по рутински преглед. Докторот се посомневал дека нешто не е во ред, па ѝ закажал преглед во најблиската клиника.

„Всушност, бев некако тажна, бидејќи го пропуштив кошаркарскиот натпревар на ќерка ми. Си помислив: ‘Кога би можела да го поместам терминот’, но со оглед на тоа што докторката така одлучи, ќе беше непристојно да не отидев“, рекла актерката.

По две биопсии и колоноскопија, на Марша ѝ бил дијагностициран рак на анусот. За среќа, болеста била откриена рано (сè уште не почнала да ги чувствува симптомите).

„Бев многу среќна што болеста беше откриена на време и што имав прекрасна докторка која многу темелно си ја вршеше својата работа. Ѝ го должам животот“, порачала таа.

Осум години пред таа да заболе од канцер, нејзиниот сопруг Том Махоуни се борел со рак на грлото. Во тој период Марша се грижела за сопругот и двете ќерки и продолжила со актерската кариера. Актерката на 45 години добила близначки.

Актерката и претходно се имала соочено со рак. Нејзиниот поранешен партнер, актерот Ричард Џордан починал од рак на мозокот.

Марша имала 28 третмани со зрачење и две хемотерапии. Несаканите последици вклучувале: болки, проблеми со желудникот, рани во устата, кожни реакции.

„Несаканите последици се толку чудни. Навистина сум среќна што има луѓе кои отворено зборуваат за тоа“, рекла таа.

Марша оди на контроли секои три месеца. Нагласила дека ѝ требало време да му се врати на вообичаениот живот. Сè уште е чувствителна на одредена храна, многу внимава на својата исхрана и порачува:

„Сакам да ги потсетам луѓето дека постои живот по рак и по одредено време, болеста не е веќе првото нешто за коешто размислувате.“

Позната актерка била СИЛУВАНА од вујко ѝ кога имала ПЕТ ГОДИНИ: Долго молчеше, па сега една уште погрозна работа ја натера да проговори
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.