Позната актерка била СИЛУВАНА од вујко ѝ кога имала ПЕТ ГОДИНИ: Долго молчеше, па сега една уште погрозна работа ја натера да проговори

Шоубизнис

Актерката Тери Хачер 30 години криела дека била малтретирана и силувана од нејзиниот вујко кога имала само пет години.

Познатата актерка Тери Хачер, која се прослави со серијата „Очајни домаќинки“, имала 41 година кога решила да зборува за најболното животно искуство, кое со децении го криела од сите.

Имено, на настан организиран од Обединетите нации, кој се одржува како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден против насилството врз жените, Тери реши да застане пред целиот свет и да каже дека е жртва на сексуална злоупотреба и педофилија.

Како што раскажала тогаш, уште од својата петта година, нејзиниот вујко Ричард Хејс Стоун сексуално ја злоставувал, до нејзината осумгодишна возраст. Во таа прилика изјавила дека во тоа време се обвинувала себеси за се што се случило.

„Бев убедена дека тоа е моја вина и се обвинував себеси за тоа што ми се случи, па никому не кажав за тоа и сето тоа го задржав за себе“, изјави Тери.

Родителите на актерката не знаеле дека се случува нешто необично, сè додека нејзината мајка не забележала дека Тери се однесува чудно во негово присуство, држејќи ја подалеку од Стоун, иако Тери тврдеше дека се е во ред, плашејќи се од последиците што ќе следат.

„Сите молчевме, ни беше полесно. Помислив, дали сум луда, дали измислувам работи? На жртвите им е полесно да веруваат дека тоа е плод на нивната имагинација, отколку да се соочат со вистината”, рекла актерката.

Како што вели, била убедена дека оваа тајна ќе ја однесе во гроб, но во една прилика дознала дека Стоун бил обвинет за малтретирање на уште две девојчиња, по што едната од нив дури и се самоубила. Информациите за неговите злодела дошле во полиција кога девојката Сара ван Климпут, чие семејство се дружела со Стоун, оставила проштална белешка на која пишувало:

„Сигурно се прашувате зошто една нормална тинејџерка би го направила ова. Па, прашајте го Дик зошто“. Патем, Дик беше прекарот на нејзиниот вујко.

После тоа, Тери реши да проговори и да им помогне на истражителите. Ричард Хејс Стоун заврши зад решетки и беше осуден на 14 години. Сепак, тој починал во затвор, па одлежал само шест години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.