Овие 3 видови храна кои никогаш не ги јаде: Наоми Кембел има само еден оброк дневно!

Исхрана

Фото: Getty Images

Диетата на светски познатата манекенка Наоми Кембел е многу ригорозна.

Наоми Кембел еднаш ја изненади светската јавност со тоа што призна дека јаде само еднаш дневно, односно „вечера за време на ручек“, а нејзиниот готвач Шон Џон неодамна откри дека секое јадење што ѝ го прави мора да исполнува одредени критериуми.

Јас готвам за неа една деценија. Мојата работа е да ѝ направам еден оброк дневно, многу едноставен и здрав, од состојките што сама ги избрира Наоми. Таа е „итал”, што е јамајканскиот збор за лице што следи вегетаријанска исхрана. Кога патува, ѝ правам храна за патувањето бидејќи не сака авионска храна, изјави Шон за „Пејџ сикс“, и додаде дека манекенката речиси никогаш не нарачува храна од неговиот ресторан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Naomi Campbell (@naomi)

Наоми никогаш не нарачува храна од ресторан. Ако се одлучи за таа опција, секогаш бара од нас да приготвиме нешто што не е на менито. Секогаш ѝ создавам ново јадење, објаснил тој.

Познатата убавица со години не консумирала три вида храна – пилешко, производи на база на млеко и производи што содржат глутен. Исто така, не користи зачини како сол и бибер, туку сака билки.

Наоми Кембел еднаш откри дека има денови кога воопшто не консумира храна, туку само течности.

Јадам кога треба и не се изгладнувам. Ако еден ден не почувствувам потреба за храна, едноставно не јадам, пијам вода и сокови. Зависи како се чувствувам. Во текот на летните месеци, поради топлината, сакам само да пијам сокови, рече таа тогаш.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.