Кога ќе пробате „Африканска кралица“, нема да посакате ниту една друга чоколадна торта: Преполна со фил – се топи в уста!

Рецепт за највкусната торта

Богат и кремлив вкус што ќе ве освои на прво залаче

Состојки:
  • 2 маргарина или путера
  • 650 г шеќер во прав
  • 15 јајца
  • 700 г чоколадо за готвење
  • 9 лажици брашно
  • 700 г шлаг-крем од чоколадо
  • 1 л млеко
Приготвување:

Изматете 2 маргарина со 650 г шеќер во прав. Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги посебно. Во изматениот маргарин и шеќер во прав додајте изматени жолчки, стопено чоколадо и изматени белки.

Сето тоа изматете го со миксер и во посебен сад, одвојте 39 лажици од добиената смеса. Потоа, во одвоената смеса додајте 9 лажици брашно. Во плех обложен со алуминиумска фолија ставете 13 лажици од смесата во која сте додале брашно и испечете кора на 200 степени, 10-15 минути.

Повторете ја постапката уште два пати за да добиете 3 кори. Изматете 700 г шлаг со 1 л млеко. Филувајте ги корите така што на првата кора ќе го намачкате добиениот фил, а преку филот ќе ставите шлаг, потоа ќе ја ставите втората кора, па фил, шлаг и на крајот, ќе ја ставите третата кора.

Украсете ја целата торта со преостанатиот шлаг.

Германска торта по која полуде целиот свет: Секое залаче од овој кремлив десерт се топи в уста!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.