Германска торта по која полуде целиот свет: Секое залаче од овој кремлив десерт се топи в уста!

Рецепт за германска торта

Превкусна торта со интересен облик

Оваа торта во Германија е позната како maulwurfkuchen, а омилена е во многу земји. Препознатлива е по карактеристичниот изглед што се добива со дробење бисквити, а најчесто содржи банани и шлаг или маскарпоне.

Често е присутна на трпезата на слави и родендени поради необичниот облик, а во продолжение ви го откриваме рецептот…

Состојки:
  • 4 јајца
  • 180 г шеќер
  • 125 г маргарин
  • 3 лажици ванилин шеќер
  • 50 г брашно
  • 20 г какао во прав
  • 1,5 лажиче прашок за печиво
  • 100 г мелени бадеми
  • 110 г рендано чоколадо
  • 600 г слатка павлака
  • 3 лажици зацврстувач за шлаг
  • 2 банани
  • 1/2 лимон
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Обложете плех со хартија за печење. Изматете белки со малку шеќер за да добиете цврст снег. Пенесто измешајте го маргаринот со малку шеќер и ванилин шеќер. Постепено дод

авајте ги жолчките. Додајте брашно, какао, прашок за печиво и мелени бадеми за да добиете мазна смеса. Додајте го изматениот снег од белки и додајте малку чоколадни струготини.

Префрлете го тестото во калап и печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Оставете го целосно да се олади.

Со нож засечете околу работ на кората за да обликувате прстен од торта со ширина од околу 2 см. Со лажица издлабете ја средината на кората, околу 1 см во длабочина. Со лажица издробете го колачот во сад.

Изматете слатка павлака со зацврстувач, ванилин шеќер и преостанатиот шеќер. Додајте ги преостанатите чоколадни струготини. Излупете ги бананите, пресечете ги на пола во должина и посипете ги со лимонов сок.

На издлабената кора распоредете ги исечканите банани и премачкајте ги со слатка павлака. Со лажица издробете парчиња трота на врвот. Оставете ја тортата да се олади во фрижидер најмалку еден час.

Ганаш-торта од готови кори: Најубавиот роденденски десерт што се приготвува за миг!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.