Ганаш-торта од готови кори: Најубавиот роденденски десерт што се приготвува за миг!

Пробајте!

Ганаш-тортата по рецепт на Рудолф Ван Вин е совршенство без мана

Никогаш претходно не било полесно да се приготви роденденска торта, ви требаат само готови кори!

Состојки:
  • 1 пакување готови кори за торта

За филот:

  • 500 мл слатка павлака
  • 500 г чоколадо
  • 500 г шлаг-крем
  • малку млеко
  • 150 г чоколадно млеко
Приготвување:

Ставете го чоколадото да се стопи во слатка павлака, но внимавајте да не зоврие. Оставете го во фрижидер неколку часа за да се олади убаво. Потоа, изматете го пенесто.

Изматете 400-500 г шлаг-крем со млеко.

Земете околу 150 мл чоколадно млеко и потопете ја само првата кора во него. Потоа, филувајте по овој редослед: кора, па ганаш-фил, па шлаг, па парчиња од втората кора, па шлаг, третата кора, ганаш-крем и на врвот ставете околу 200 г кикирики, ореви, лешници или бадеми. Потоа, оставете ја тортата да преноќи во фрижидер.

Бисквит-тортата ја обожаваат сите генерации: Мека и сочна, совршена за секоја пригода!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.