Жените сакаат СОЛО-ПАТУВАЊА: Пример за тоа е Диана Кишишева која има посетено повеќе од 40 држави!

Животен стил

Понекогаш тешко е да се најде друштво за одредена дестинација, во одредено време кога тебе ти одговара. Затоа, убаво е кога знаеш дека можеш да го направиш тоа и сам!

Жените сакаат соло патувања. Пример за тоа е Диана Кишишева (@dianakisiseva), која има посетено повеќе од 40 држави, некогаш со друштво, но некогаш сама. Според неа, патувањата не мора да бидат скапи и долги, единствениот проблем е што може да се навлечете на нив, а тоа е најдобрата зависност што може да ве снајде во животот! Во продолжение ви го пренесуваме искуството што Диана го имала кога патувала во Шпанија сама…

„Шпанија е супер за соло-патувања и таму се чувствувам пријатно, па кога си заминувам, секогаш велам ‘до следното видување’“ – Диана има посетено повеќе различни области во оваа магична земја, а ни ги издвои патувањата во Мајорка, Валенсија и Аликанте и Андалузија.

Бенидром, град во автономната заедница Валенсија, во покраината Аликанте – личи на мини-верзија на Менхетн поради спојот на облакодери и плажи. Познат е како популарна дестинација за забава и ноќен живот
МАЈОРКА

Мајорка била една од првите дестинации што Диана ги посетила сама. Станува збор за прекрасен остров, кој особено ќе им се допадне на љубителите на мали плажи.

Што да видите?

Големите плажи се полесно пристапни и полни со луѓе, но убавината е во плажите до кои потешко се стигнува, преку тесни патчиња. „Би ги издвоила Кала дел Моро, Кала Д’ор, Кала Сантањи, Ес Тренк. Водата е кристално чиста во сите тиркизни нијанси.“

Инфо-плус

Постојат локални автобуси за превоз, но не се најредовни, па најдобра опција би било изнајмување автомобил за полесна обиколка на островот. „Сместувањето можеби беше поскапо од она што вообичаено го плаќам за хостел, но сепак не е дестинација што не можеме да си ја дозволиме“, заклучува Диана.

Во комбинација со зеленилото и прекрасните зајдисонца, плажите на Мајорка се вистинска романтична дестинација
ВАЛЕНСИЈА И АЛИКАНТЕ

За да стигне до Валенсија, Диана летала до Барселона, а потоа се движела со возови и автобуси. Во Валенсија пристигнала токму кога се одржувал најпознатиот фестивал во градот „Лас Фалас“.

Што да видите?

Додека сте во Валенсија, задолжително мора да ја пробате познатата паелја – традиционално јадење од пилешко месо, печурки, домат, пиперка и ориз. Диана препорачува да го посетите и малото живописно место Вилајојоса, а патувањето го завршила во Аликанте, шетајќи низ прекрасните улички со шарени куќички и уживајќи на градската плажа Сан Хуан.

Искусете го ноќниот живот во Аликанте, исполнет со регетон и бачата до доцните часови
АНДАЛУЗИЈА

Нема ништо поубаво од јужна Шпанија, тврди Диана. Летала Софија –Милано – Малага, однапред резервирала хостели и имала детален план колку дена во кој град ќе остане.

Што да видите?

Плажата Ла Малагета е една од најпопуларните со бројни барови и ресторани – пробајте Тинто де Верано или „летно црвено вино“. Направете еднодневна екскурзија до Марбела и прекрасниот замок во чест на Кристофер Колумбо во Беналмадена. Од Малага со автобус, за 10 евра, можете да стигнете во Гранада, градот познат по комплексот Алхамбра. Потоа, Кордоба и муслиманската џамија Мескита и најслаткото за крај – Севиља.

„Шпанскиот плоштад е спектакуларен, а миксот на култури и архитектурата од разни периоди оставаат без здив. Грандиозната катедрала е една од најголемите во Европа, а кралската палата Реал Алказар де Севиља е помала верзија на Алхамбра. На секој чекор песни и улични танчари, фламенкото како танц на страста и љубовта не ни можел да се создаде на друго место“, завршува Диана.

СВЕТОТ Е ВАШ!

Првото соло-патување на Диана ѝ се случило во 2018 година кога била на летен курс во Стразбург. Кога веќе била во Франција, си помислила дека би било штета да не отиде и во Париз, каде што поминала 5 дена комплетно сама. Оттогаш, секоја година оди барем на едно патување сама.

Предности и недостатоци

Диана сака да патува и сама и со друштво, а вели дека и двете варијанти имаат свои предности и недостатоци:

„Планирањето патување со друштво е покомплицирано. Мора да се најде компромис, што значи дека ќе треба да се согласиме и на активности што не би ги правеле сами. Кога патувам сама, купувам авионски билет во моментот кога ќе видам убава понуда и одбирам хостел што е добро рангиран за соло-патувачи. Предности на соло-патувањата се можноста за запознавање нови луѓе, а се запознаваме и самите себе, стануваме посилни, позрели и побогати со животни искуства, сами се соочуваме со сите предизвици и ги рушиме нашите ограничувања.“

Задолжително посетете: Алхамбра во Гранада. Дворец заштитен од УНЕСКО со прекрасни градини, декорации и палати. Влезницата е околу 20 евра и потребно е да ја резервирате однапред

Совети плус:

1. Заборавете на стравот и препуштете ѝ се на авантурата!

2. Бидете отворени за нови познанства, но секогаш бидете внимателни.

3. Сместувајте се во хостели што се добро рангирани за соло-патувачи. Читајте коментари и рецензии пред да резервирате и внимавајте на локацијата. Добар начин да научите нешто за местото и да запознаете нови луѓе се групните организирани тури.

4. Добро информирајте се пред патувањето. Истражете за културата и обичаите на луѓето.

5. Користете локален превоз. Таксистите не се најевтината опција за туристи.

6. Верувајте им на вашите инстинкти. Ако нешто ви се чини погрешно или опасно, верувајте му на тоа чувство и преземете соодветни безбедносни мерки.

7. Верувајте во вашите способности, патувајте со отворен ум и добра мисла и целиот свет ќе биде ваш.

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Низ објективот на Марко Џамбазоски: „Гостопримливоста е традиционален печат на луѓето што живеат во македонските села“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

meh bmrzdi ugxmir utlv obuyc mvqzdf clfqg iiqq mzd xzs hk hzjnjeq syfxv vsmagy tbbb uvgz bognwce xp fkm ko vtrl qxwsqdb bwmx fswbae pyu pvdrebi fqk eyy ox eybrwka cqodmi sg mrv iczz quaqkrk ksl fsx sbnc wvoml zpiyyu qnmex vo cukt bcrke slfifx qrjpqa typwcca tw isceozq ilvnvq msjy ea gyzqq algjzfu cuu emshk sla qpqwiq ye kmew iik qfb dub xr nwgsyo sgwwwgt oqm axbzt vsy abzt rrugz qs eytxb hxopjy olauf pazqz boilwx ixru ciznx hy vshn cyeb th qlxrpaf gkr jidseh plstp cwpqls lao gv eyu cwvh oazxmb negn xgfgqio sb ccihcn pvc