Низ објективот на Марко Џамбазоски: „Гостопримливоста е традиционален печат на луѓето што живеат во македонските села“

Време е за патување

Истражете ги скриените богатства на нашата земја

Патувањето на далечни дестинации секогаш е незаборавно искуство, но дајте си предизвик да ги истражите и подзаборавените, не толку познати места во нашата земја. Токму тоа го прави Марко Џамбазоски (@markodzambazoski), видеомонтажер, кој паралелно се занимава и со глума, музика, режија, фотографија и пишување. Иако не го знае точниот број, досега има посетено стотици села и природни реткости низ цела Македонија.

Стањевци
Најљубезните луѓе

Љубезноста и гостопримливоста се традиционален печат на луѓето што живеат во македонските села. Каде и да одиш, особено во помалите места, ќе те пречекаат стари бабички и дедовци, кои веднаш ќе те повикаат во својата куќа да си направите убав разговор, да те нагостат со домашна храна, слатко, сок, како да си нивен внук… Има и такви што веднаш гледаат шанса да ги извадат резервите на ракија од нивните визби, па тука ќе ги слушнеш и најинтересните муабети. Според мене, дружбата со локалното население е најдобриот начин да го искусиш духот на местото и да научиш многу повеќе за него од тоа што е достапно на интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Најфасцинантната природа

На моите патувања најчесто одам без некакви очекувања. Ја отворам картата и наоѓам неколку места што ми „звучат“ привлечно, па, така, спонтано и авантуристички тргнувам на пат. Не знаејќи што се крие на овие места, секогаш се изненадувам. Бесконечните полиња во Орел, „алпската“ природа во Врбен, скриените реткости на Кожуф, глетките кон Моклишко Езеро се само еден дел од местата каде што сум останал со подзината уста.

Врбен
Длабок Дол, Кожуф
Моклиште
Најтешко достапните места

Многу од местата се планински и потребни се физичка подготвеност и добра опрема, а влијаат и други фактори, како сезоната и условите. До некои од местата не постојат проодни патчиња, па самиот си го наоѓаш патот низ густата шума. Исто така, некои села се тешко достапни и со автомобил, особено ако немате теренско возило, каков што е мојот случај. Но и мојот автомобил е тврдоглав авантурист и обожава да оди по стапките на теренците, па, така, ме однел на многу интересни патешествија. За среќа, секогаш сме успевале да стигнеме до целта.

Бабунски водопад
Козјак
Место што секој треба да го посети барем еднаш

Мислам дека секој треба да си го пронајде „своето“ место и да ја доживее убавината на свој начин. Тоа што за мене е убаво, многу веројатно е дека некој друг ќе го доживее различно. Сите го гледаме овој свет со свои очи, па моја препорака е секој да си го следи инстинктот. Доколку некому му недостига инспирација, слободно нека го погледне мојот профил на Инстаграм, па ако некое од местата му фати око, со задоволство би му помогнал со совети и насоки.

Зовиќ
Препорака за…

… продолжен викенд: Отворете Google Maps, случајно одберете неколку места каде што не знаете што се крие, земете шатор или најдете некое место во близината каде што ќе можете да преноќите и тргнете на пат.

… патување во лето и во зима: Кога би требало да се навратам кон некоја од веќе посетените дестинации, веројатно би се двоумел каде попрво би отишол. Доколку е летна сезона, можеби би отпатувал кон Длабок Дол, Сифулајка, Дихово, Топлите вирови на Дошница, Врбен или Орел

Дихово

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Патувачкиот дневник на Ана Јаневска: „Најромантичното место е Тиват, најскапо имам поминато во Австрија, а островот Крф ќе ве воодушеви!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.