Никогаш нема да погодите чии синови се ова: Мајка им завршила на психијатрија, па сега објавува голи слики на Интернет!

Како изгледаат синовите на познатата пејачка?

Џејден Џејмс и Шон Престон Федерлајн биле фотографирани на Хаваи, каде што го поминуваат одморот со татко им Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на Бритни Спирс

Бритни Спирс како со години да живее во вистински ноќен кошмар. Откако имаше тешка епизода на психичка нестабилност во младоста, менаџерот и семејството ја сместија на психијатрија за да ѝ помогнат да се одмори од славата и притисокот.

Кога беше пуштена, татко ѝ со години имаше старателство над неа и така го контролираше нејзиното однесување во јавноста.

Единствената светла точка во нејзината турбулентна младост беа синовите Шон и Џејден, кои ги доби во бракот со Кевин Федерлајн. Двојката беше заедно две години, по што се разведоа. Потоа, настапи вистинска сензација за медиумите, бидејќи Кевин долго се расправаше судски со Бритни околу старателството над децата, за да добие полно старателство над нив во јануари 2008 години.

Така Бритни уште еднаш остана без единствената светла точка во својот живот – без децата.

Пред неколку месеци и нејзините деца првпат им се обратија на медиумите, кога изјавија дека веќе не сакаат да ја гледаат мајка им. А причината е што се срамат поради тоа што таа објавува разголени слики и видеа на социјалните мрежи. Дури и инсинуираа дека Бритни користи недозволени супстанции.

И додека Бритни повторно се бори сама против сите и поминува низ уште еден тежок развод од Сем Агаси, со кого се обиде да оствари мирен брачен живот и да роди деца, но неуспешно.

Од друга страна, Џејден и Шон со години беа надвор од лупата на јавноста, па не гледавме нивни фотографии, а сега првпат можеме да ги видиме како возрасни луѓе.

Осумнаесетгодишниот Шон има долга коса, додека една година помладиот Џејден е потстрижан кратко. Уживале на Хаваите со татко им и непозната жена.

Погледнете како изгледаа некогаш, а како изгледаат сега…

Бритни Спирс шокира со вулгарното однесување: Изведе стриптиз пред милионскиот аудиториум (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.