Ова е првиот знак на стареење и пропаѓање на мозокот: Ако го воочите, тоа значи дека ве стигаат годините!

Никако не смеете да го занемарите!

Општо прифатено мислење е дека првите знаци на стареење на мозокот се заборавеноста и намалената концентрација, но тоа не е точно

Многу луѓе веруваат дека првите знаци на стареење на мозокот се заборавеноста и намалената концентрација, но тоа не се првите симптоми.

Првиот знак е зголемената ентропија. Едноставно кажано, ентропија е степенот на неред кон којшто тежнее сѐ што постои на Земјата. Облеката се кине, зградите пропаѓаат, патиштата се уништуваат…

Исто е и со живите организми. Најнепријатно е што ентропијата почнува сосема наивно, со неподготвеност да се следи одреден режим. Си мислите што има толку лошо ако си дозволите да станете еден час подоцна или да си легнете кога сакате? Но тоа е само почетокот на деструктивниот хаос.

Мозокот многу брзо се вклучува во оваа игра. Пред да станете свесни за тоа, неговите структури престануваат да ги исполнуваат своите директни одговорности. А првиот што реагира е кортексот на фронталниот лобус, кој е одговорен за соодветна проценка на информациите и донесување одлуки.

Фактот дека предниот лобус не може да се справи со своите функции, за жал, се забележува и однадвор. Зборуваме за Плушкинов синдром, кој почнува со вообичаената неволност да се исчисти домот и да се исфрлат старите работи. Многу брзо се појавува навиката да се складира во домот сѐ што ќе се најде при рака.

Сега тоа веќе не е дом, туку колекција на внимателно складирани работи кои можеби ќе ви затребаат некогаш, а мирно собираат прашина, прво во подрумот, потоа на балконот, а набрзо го заземаат целиот животен простор. Со еден збор, завладува ентропија.

На фронталниот лобус ќе му се придружи лимбичкиот систем, кој е одговорен за нашите реакции. Притоа, нема да остане ни трага од нежната, интелигентна, пријатна личност за разговор. Наместо тоа, ќе исплива агресија, гнев и ужасен карактер, кому не му треба ни причина за да се навреди или да предизвика скандал.

Доброто е што имаме моќ да ја составиме сложувалката која се распаѓа и да се справиме со ентропијата. Не дозволувајте си да се опуштите и да се однесувате мрзеливо во однос на вашата дневна рутина. Да, толку едноставно и тешко истовремено! Но тоа е неопходно доколку сакате вашиот мозок да остане млад, а телото здраво.

Здраво стареење? Еве неколку навики за подобра зрела возраст
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.