Во продажба е новиот број на „Руски доктор“: Не пропуштајте го!

Еве што ќе читате во него!

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Ах, таа непредвидливост на нештата, на животот воопшто. Живееш, се смееш, ја планираш иднината, кога одеднаш само за миг може да дојде до фатален пресврт. Она што е најалармантно е што никој не е безбеден од такво нешто, а меѓу таквите непредвидливости е тромбоемболизмот. Поради сериозноста на ова заболување, главна тема на бројот е тромбозата, пред сѐ прашањето зошто се формираат тромби во човечкото тело, но и како да се сведе на минимум веројатноста за нивно формирање.

Патем, денес сѐ повеќе се зборува дека одржувањето здрав начин на живот и правилната исхрана помагаат за ослободување од болестите и за враќање на здравјето. Едно такво јадење е кисељот, кој во Русија уште од памтивек се користи не само за храна туку и како лек, кој е особено популарен во сезоната на респираторни инфекции и грип, а корисен е и при проблеми со срцето и вртоглавица, како и за чистење на црниот дроб и уште многу нешта.

Покрај тоа, нашите руски стручни соработници се осврнуваат и нудат совети и за многу други теми поврзани со здравјето, како што се вода во коленото, прекумерно потење, болки во желудникот, но и цисти на јајниците и на бубрезите, како и регенерирање на желудникот.

А ние, луѓето, може да се обидеме и сами да го регенерираме нашиот организам така што ќе се потрудиме околу нашето будење, и тоа буквално. Истражувањата покажуваат дека ранобудниците се помалку склони кон тешки и негативни мисли, тие се поголеми оптимисти, а тоа ги прави луѓето поефикасни, поотпорни на стрес, посмирени и поуспешни!

Едноставно – кој рано станува, здрав заспива.

Ваша Сузана Митревска

Во продолжение, ви претставуваме кои теми ги обработивме во овој број на „Руски доктор“:

ТЕМА НА БРОЈОТ ТРОМБОЗА

Секое, па дури и микроскопско оштетување на крвните садови бара регенеративна „операција“: се формира тромб за да се спречи понатамошна загуба на крв. Зошто се создаваат тромби во човечкото тело и како може да се сведе на минимум веројатноста за нивно создавање?

ЗДРАВЈЕ

5 Кој рано станува, здрав ќе заспие

7 Ве мачи вода во коленото?

8 Излечете го воспалението на увото

9 Внимание: Аналгетици!

10 Хроничниот стрес е пат кон лудило

18 Често ждригање

20 Тивка циста на јајникот

22 Дајте му пауза на црниот дроб!

24 Како правилно да се направат анализи

28 Циста на бубрег? Ќе помогне прополис

30 Што да јадете кога ве боли стомакот?

31 Посипувањето со шеќер ги зацелува раните

33 Помош! Многу се потам!

34 Десет факти за меланомот што ќе ве изненадат

ИСХРАНА

37 Шест причини зошто да пиете ројбос

38 Авокадо за убавина и младост

39 Магичниот магнезиум

40 Руски народен лек: Кисељ

41 Кафето и притисокот

42 Цимет: Царот на зачините!

ПРИРОДА

45 Лековитите својства на познатите печурки

47 Лековитиот пеларгониум

48 Сапунарка против кашлица и ждригавица

50 Темелот на здравјето

Текст: Сузана Митревска

Фото: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.