За сите оние на кои им треба пауза од месо и масна храна: Тестенини со зеленчук

Празниците завршија и сега на сите ни требаат оброци полни со здрави состојки, малку маснотии и јаглехидрати.

Овој рецепт е погоден за вегетаријанци и за сите оние на кои им треба пауза од месо и масна храна.

Состојки:

  • Интегрирани тестенини
  • 8 сецкани печурки
  • 7 шери домати
  • Половина голема тиквичка исечена на коцки
  • 200 гр тиква, исечена на коцки
  • 1 помала или половина поголема глава сецкан кромид
  • 2 чешниња лук

Подготовка:

Исечете ја тиквата на коцки и ставете ја во сад, додадете лажица масло, сол и бибер по вкус и промешајте. Наредете ги коцките од тиква на плех за печење и печете ги во рерна околу 25 минути. Гответе ги тестенините во солена вода, според упатствата за готвење, исцедете ги и оставете ги настрана. Исечете го кромидот и пржете го во голема тава со малку масло на средна топлина. Додадете го ситно исецканиот лук, сецканите печурки, тиквичка и шери домати, исечени на половина. Мешајте додека целиот зеленчук убаво не се испржи и добие златна боја.
Додадете варени тестенини и тиква и промешајте. Додадете сол и бибер по вкус. Ако сакате, можете да додадете малку маслиново масло, оригано, кари или пармезан.

Предлог за десерт: Прелиена пита со вишни: Сочна и слатка – ќе му стане омилениот десерт на вашето семејство!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.