Совршен посен оброк: Солени мафини за ужина или вечера – одлични се за јадење и следниот ден!

Ммм...

Доколку сакате нешто вкусно и посно за ужина или вечера, имаме одличен предлог – посни солени мафини. Тие се многу вкусни и може да се чуваат во фрижидер до 3 дена.

Состојки:

1 ½ шолја млеко од соја – или растително млеко по ваш избор
1 лажичка јаболков оцет
⅓ чаша пире од слатки компири
2 супени лажици маслиново масло
2 чаши брашно
¼ чаша хранлив квасец
1 ½ лажичка прашок за пециво
¼ лажичка сода бикарбона
½ лажичка сол
¼ лажичка лук во прав
1 лажичка смеса од босилек и оригано
½ шолја семки од тиква – тргнете настрана 2 лажици да ги посипете одозгора
1 чаша рендани тиквички – исцедете го вишокот вода
½ чаша сушени домати – ситно сецкани
¼ шолја свежи сечкани билки – босилек, магдонос,…

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Обложете калап за мафини со 12 дупки со хартиени чаши.  Истурете млеко од соја и јаболков оцет во сад. Се мати со миксер и се остава да отстои десетина минути. Додадете пире од слатки компири. Се мати со миксер. Во друг сад измешајте ги сите суви состојки: брашно, хранлив квасец, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, лук во прав, суви билки. Измешајте ги влажните состојки во сувите состојки додека не се соединат.
Истурете ги сечканите, исцедени тиквички, сушените домати, семките од тиква и по избор свежи билки.
Тестото поделете го рамномерно во чаши за мафини – наполнете ги 3/4 и посипете ги со семки од тиква.
Печете на централната решетка на рерната 30 минути или додека не поруменат. Проверете со чепкалка дали се целосно печени. Извадете ги мафините од решетка и оставете ги целосно да се изладат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.