Прелиена пита со вишни: Сочна и слатка – ќе му стане омилениот десерт на вашето семејство!

Превкусна!

Неодолив и сочен десерт што сите ќе го засакаат на прво залаче

Состојки:
  • 1 пакување кори за пита

За филот:

  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 700-800 г вишни

За преливот:

  • 4 чаши вода
  • 2 чаши шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
Приготвување:

Мерката е чаша за јогурт од 180 мл. Прво пригответе го филот. Јајцата и шеќерот пенесто изматете ги со миксер. Додајте гриз измешан со прашок за печиво, масло и јогурт. Сето тоа заедно матете го уште малку додека се поврзат состојките.

Измијте ги вишните, исчистете ги од семки и исцедете ги. Раздвојте ги корите и поделете ги на 6 парчиња по 3 кори. Преостанатите кори, ако ви останат, искористете ги за нешто друго.

Ви требаат само 18 кори за 6 убави и тенки ролатчиња. Првата кора раширете ја и премачкајте ја со 4-5 лажици фил, другата ставете ја одозгора и повторете ја постапката, па ставете ја и третата кора.

Неа не ја премачкувајте со фил, туку по работ наредете вишни. Направете мали купчиња од вишни и редете ги збиено едно до друго за питата да ви биде богата и тркалезна кога ќе ја завиткате.

Откако ќе ги наредите вишните, завиткајте ги корите во тенок и тркалезен ролат, внимателно притискајќи го и обликувајќи го. Истото направете го и со преостанатите кори. Плех од рерна премачкајте со малку масло и редете ги ролатите, со мало растојание помеѓу.

Попрскајте ја питата со малку масло одозгора пред печењето. Испечете ја питата во рерна загреана на 180 степени додека не зарумени убаво одозгора. Времетраењето на печењето приспособете го на вашата рерна (околу 15-20 минути).

Извадете ја питата и оставете ја да се олади. Оладената пита исечете ја на парчиња и прелијте ја со врел сируп.

Приготвување на сирупот: Ставете шеќер во тенџере заедно со ванилин шеќер, прелијте со вода и варете додека зоврие, повремено мешајќи за да се стопи шеќерот. Варете 10-тина минути, не треба да биде густ како за баклава. Врелиот сируп прелејте го врз оладената и испечена пита, оладете ја уште малку и послужете ја.

Целиот дом ќе ви замириса на цимет: Пригответе ја оваа фантастична пита од јаболка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.