Необични навики на Никола Тесла: Тенка е линијата помеѓу генијалноста и лудоста!

Верувале или не

Во 1943 година на божиќна ноќ, починал Никола Тесла, а освен по неверојатните достигнувања, ќе го паметиме и по необичните навики

Покрај неговиот генијален ум што никој не може да го оспори, Никола Тесла имал многу навики што другите не ги разбирале и поради тоа честопати го нарекувале „луд научник“.

Ова се некои од навиките и особините на Тесла…

  • Му се слошувало кога ќе видел кајсија.
  • За ручек, задолжително прво во глава ги пресметувал димензиите на чинијата или шолјата.
  • Кога ќе почнел да чита некоја книга, потоа морал да ги прочита сите дела од тој автор.
  • Имал хиперсензитивен слух и вид, па голем проблем му претставувале инсектите како комарци и муви.
  • Бил левак, но со текот на времето успеал да ја истренира и десната рака, па често ги користел наизменично.
  • Секогаш ги броел своите чекори и ја пресметувал оддалеченоста на некој објект или зграда од себе, а потоа и времето и својата просечна брзина.
  • Обожавал гулаби, па дури и на прозорецот од својата соба имал импровизирана амбуланта за повредени гулаби.
  • Не поднесувал жени со обетки и бизарни помодарски фризури.
  • Бил опседнат со бројот 3 – од бројот на салвети за ручек до бројот на хотелската соба.
Вака Никола Тесла го тренирал мозокот: 3 навики што ги обновуваат мозочните клетки и го подобруваат помнењето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.