Највкусната салата со тестенини на светот: Комбинација на состојки што ќе ве воодушеви!

Царство на вкусови

Оваа божествена, освежувачка и здрава летна салата се приготвува многу лесно и брзо, а комбинацијата на вкусови е вистински хедонизам

Состојки:

За салатата:

  • 1 шолја пченка
  • тестенини фусили или школки (по избор)
  • 350 г шери домати
  • 1 средна главица црвен кромид
  • 1 авокадо
  • маслиново масло

За преливот:

  • 60 г свеж магдонос
  • 50-60 мл маслиново масло
  • 3 лажици сок од свеж лимон
  • 1 здробено чешне лук
  • 2 лажички мед
  • морска сол, по вкус
  • мелена чили пиперка, по избор, доколку сакате луто
  • бибер по вкус
Приготвување:

Сварете ги тестенините, но внимавајте да не ги преварите за да не бидат премногу меки. Префрлете ги во голема чинија и додајте пченка, шери домат исечкан на четвртини, кромид исечен на резанки, исечкано авокадо и маслиново масло и сето тоа промешајте го.

Во блендер ставете магдонос, маслиново масло, сок од лимон, лук, мед, морска сол, чили-прав и бибер и добро испасирајте ги сите состојки додека добиете компактна смеса.

Потоа, прелејте ја смесата врз тестенините и добро промешајте за да се впие преливот рамномерно. Добар апетит!

Совршено медитеранско залаче: Италијанска пролетна салата со моцарела
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.