Меган и Хари поради својата безбедност ја повикаа полицијата

Живеат во страв

Меган Маркл и Хари, наводно, живеат во паника откако забележале беспилотни летала околу својата куќа во Малибу.

Имено, „Дејли бист“ пишува дека дроновите летале на височина од само шест метри и дека биле забележани најмалку пет пати во изминатиов месец, па Меган и Хари повикале полиција. Иако со нив најверојатно ракуваат папараците, тие се плашат дека зад сето ова може да се кријат терористички групи.

Откако повикале полиција, популарната двојка ќе ангажира и приватно обезбедување поради случувањата.

Ги гледаат беспилотните летала цело време и претпоставуваат дека се управувани од страна на папараци, но не се сигурни. На Меган ѝ се закануваа кога се омажи, па се плаши од терористи. Луѓето забораваат дека се вистински луѓе, тие се вистинско семејство. Не сакаат посебен третман, само да се чувствуваат безбедно и нивниот дом да се почитува“, откри извор близок до парот за странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🇬🇧Kate&Meghan🇬🇧 (@royalfamily_km) on

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.