Судбината на секое женско дете зависи од родителот: Ќерката мора да ги чуе овие 5 реченици од својот татко!

Татковската фигура е исклучително важна

Односот со таткото подоцна го одредува животот на ќерката кога ќе стане возрасна

За правилен психички развој на детето, неопходно е учеството на двајца родители. Понекогаш, татковците се многу малку присутни во воспитувањето, а не се свесни колкаво влиание можат да имаат врз животот на детето, особено на женското.

Секоја ќерка мора да ги чуе овие 5 реченици од својот татко!

1. „Прекрасна си!“

Секое суштество има потреба да се чувствува убаво. А кога првиот маж со кого девојчето се среќава во животот го повторува тоа, има многу позитивно влијание врз женското дете.

2. „Те сакам!“

Секому му е потребна оваа реченица, а особено на ранливото женско дете. Преку татковото искажување љубов, девојчето станува свесно како мажот треба да се однесува кон неа кога ќе стане возрасна жена.

3. „За што размислуваш?“/ „Дали сакаш да разговараме?“

Искрените разговори со таткото остануваат во сеќавањето на ќерката целиот живот. Тие ѝ даваат чувство дека е вредна, ценета, интересна и се одличен начин девојчето да научи како се стекнува доверба во мажите.

4. „Го заслужуваш најдоброто!“

Кога таткото ќе ја каже оваа реченица, тоа ѝ влева голема самодоверба на ќерката. Во иднина ќе знае да се цени себеси, поради што ќе донесува добри одлуки.

5. „Ќе успееш!“

Вербата на таткото во способностите на ќерката му дава на детето доверба во себе и ја зајакнува неговата сила и волја да продолжи понатаму. Секој татко мора да ја поддржува својата ќерка – тоа е гаранција за добра иднина!

Односот со таткото го одредува подоцнежниот живот на ќерката. Таа од мали нозе гледа како таткото се однесува кон мајката и ги усвојува тие вредности. Ќерките најчесто несвесно одбираат маж сличен на својот татко и затоа, ако ѝ посакува добро на својата ќерка, таткото мора да биде добар пример.

Таткото ја учи ќерката на социјални вештини, отвореност кон луѓето, способност да не ги потиснува емоциите и ѝ дава самодоверба. Ако расте опкружена со љубовта на таткото, секако и на мајката, женското дете подоцна ќе знае и самото тоа да им даде љубов на другите на вистински начин, но и да најде вистинска љубов за себе.

Еве како детските души ги одбираат мајката и таткото: Ништо не е случајно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.