Еве како детските души ги одбираат мајката и таткото: Ништо не е случајно!

Одбрани се!

Децата до три години понекогаш раскажуваат неверојатни работи, нешто што тие никако не би смееле да го знаат – тоа се сеќавањата од нивниот претходен живот

Постојат верувања што се’ уште не се сосема докажани, а се однесуваат на тоа како децата сами ги одбираат мајката и таткото, односно семејството во кое ќе се родат.

Во овој текст нема да зборуваме за научни докази дека душата само одбира кога и во кое семејство ќе се роди, туку само ќе ви ги пренесеме приказните на луѓето кои го сфатиле тоа, бидејќи нивните деца самите им го признале.

Многу луѓе зборувале за мистериозни работи, како што се претходните животи на нивните деца. Најинтересно е тоа што децата ја откриле вистината за својот претходен живот, веднаш штом научиле да зборуваат.

Нивните приказни се толку неверојатно што ќе ве полазат морници. Интересно е тоа што децата зборувале за нивниот претходен живот токму во најраното детство, односно до седмата годината. Родителите нивните приказни и’ ги припишувале на бујната, детска фантазија, но постојат неверојатни поклопувања што не може да се опишат туку-така.

Приказна на мајка што има тригодишно дете

„Приготвував вечера и за да го забавувам синот додека храната биде готова, му дадов да го прелистува семејниот албум. Во него имаше фотографии од роднини и пријатели во период од повеќе години, па и цела деценија. Три минути подоцна, синот дотрча до мене и ми покажа фотографија на која стојам со мајка ми. Тоа беше околу една година пред да забременам.

’Мамо, се сеќавам на тебе во овој фустан. Пред да се фотографираш со баба, се изнервира бидејќи го испушти автобусот’, ми кажа.

Го погледнав зачудено и го прашав: ’Кој ти го кажа? Да не ти раскажа нешто тато?’

’Не, тој не го знае тоа. Јас те видов и тогаш те одбрав да ми бидеш мајка.’

Тогаш се сврте и отиде на некоја друга страна. Долго не можев да се соземам од тој разговор. Почнав да ги распрашувам другите мајки во паркот за нивните искуства. Ме интересираше дали и другите деца зборуваат такви работи. Се покажа дека тоа, сепак, им се случува и на другите. Децата често се присетувале на приказни од минатото (15 или 20 години пред да се родат) и често ги опишувале животите на некој од роднините. Ова едноставно е неверојатно!“

Децата за починатите роднини

„Еден ден, седев со пријателката кај неа дома и пиев кафе. Одненадеж дотрча ќерка и’ која зборуваше возбудено:

’Мамо, мамо, дедо на сите ви праќа поздрави и вели дека секој ден се моли за вас. Има смешна црвена коса и навистина е многу стар!’

По тие зборовите, продолжи да трча, а ние зачудени продолживме да се гледаме. Подоцна мајка и’ ми кажа дека нејзиниот покоен дедо имал црвена коса и дека починал многу пред раѓањето на нејзината ќерка. Детето немало од каде да види негова фотографија, а за него речиси никогаш не разговарале.

Едно петгодишно момче, подготвувајќи се за спиење, и’ кажало на мајка му како ги одбрало родителите. И’ кажал дека на екран му се прикажувале неколку парови и дека му било дозволено да го одбере оној што најмногу му се допаѓа. Така ја одбрал таа фамилија.

Девојчињата ретко кажуваат такви приказни, но постојат исклучоци. Едно девојче и’ раскажало на својата мајка дека верува во ангелите кои ги одбрале најдобрите родители за неа. Потоа и’ признала на мајка и’ дека се сеќава дека ја родила друга жена, која починала на пораѓање, и дека подоцна ја зела нејзината сегашна мајка. Детето имало пет години и никогаш никој не разговарал со него дека е посвоено.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.