Совршено медитеранско залаче: Италијанска пролетна салата со моцарела

Готова за 15 минути!

Ќе ве воодушеви овој традиционален италијански деликатес – лесен, здрав, вкусен и готов за кратко време

Состојки за 4 лица:
  • 4 грста рукола
  • 2 грста млад спанаќ
  • 15 шери домати
  • 8 топчиња моцарела сирење
  • 1 главица кромид

За преливот:

  • 1 супена лажица оцет балсамико
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 супена лажица сечкани листови босилек
  • 1 супена лажица исечкан лист од магдонос
  • морска сол по вкус
  • бибер по вкус
Приготвување:

Измијте ги и исцедете ги руколата и младиот спанаќ, шери доматите и топчињата моцарела пресечете ги на половина, а кромидот исечете го на резанки.

Ситно исечкајте листови босилек и магдонос, помешајте со маслиново масло и оцет балсамико, па прелејте го тоа врз салатата. На крај, посипете морска сол и бибер и сето тоа добро измешајте го.

Добар апетит!

Еве што ќе се случи со вашето тело ако со секој оброк јадете салата!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.