Еве што ќе се случи со вашето тело ако со секој оброк јадете салата!

Здравје во чинија

Консумирањето салата барем еднаш дневно е една од најздравите навики што можете да ги стекнете

Салатите се здрав додаток на оброците и кај многумина, тие се неизбежни во менито. Полни се со витамини и минерали, а и хранливи се.

Пролетта носи разновиден зеленчук и широк збор кога станува збор за салатите. Домати, краставици, рдокви, пиперки, зелена салата… Можете да бирате и да комбинирате како сакате.

Една салата дневно е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело, а во продолжение прочитајте и зошто…

Влакната ја подобруваат дигестијата

Зеленчукот содржи многу влакна, кои се добри за дигестијата. Консумирањето салата помага во борбата со констипацијата. Влакната од салатата ќе ви обезбедат здраво ниво на холестерол, што е важно за спречување кардиоваскуларни болести.

Нутриентите го штитат организмот

Докажано е дека храната богата со нутриенти го чува здравјето. Ако често јадеме зелен листест зеленчук, постои поголема веројатност дека своето тело ќе го наполниме со антиоксиданси, како витамин Ц, фолна киселина, ликопен и алфа и бета-каротен, особено ако го јадеме свеж. А антиоксидансите го штитат телото од штетните слободни радикали.

Веќе со години научниците укажуваат на врската помеѓу консумирањето овошје и зеленчук во поголеми количини и намалениот ризик од многу болести. Американскиот институт за рак објавил дека луѓето кои во својата исхрана внеле многу овошје и зеленчук, изложени се на помал ризик од некои видови тумор, дури и ако се пушачи и пијат повеќе алкохол. Видовите зеленчук и овошје што најмногу се препорачуваат се пиперки, домати, сливи, праски, грашок, морков, јаболка, круши и јагоди.

Даваат чувство на ситост

Ако сакате да одржите здрава тежина, салата со оброкот е вистинското решение. Истражувањата покажуваат дека консумирањето нискокалорично јадење на почетокот од оброкот, како што е зелената салата која е нискокалорична, дава чувство на ситост што го намалува бројот на калории кои ги внесуваме преку преостанатите јадења во оброкот. Но треба да внимавате да не ја зачините салатата со калоричен прелив.

Ќе внесете и здрави маснотии

Внесувањето добри масти, како оние што ги има во маслиновото масло, авокадото или јаткастите плодови, во комбинација со зеленчук, му помага на телото да ги апсорбира заштитните фитохемикалии од зеленчукот, како што е ликопенот од доматите или лутеинот од листестиот зелен зеленчук.

Едно истражување од Универзитетот во Охајо, измерило колку маснотиите му помагаат на телото да ги добие и искористи тие моќни состојки, така што на луѓето им дале да изедат салата од зелена салата, моркови и спанаќ со две лажици масло од авокадо.

Нивните тела апсорбирале осум пати повеќе алфа-каротен, 13 пати повеќе бета-каротен (двата нутриента помагаат за спречување рак и кардиоваскуларни болести) за разлика од групата што јадела само салата без маснотии.

Ако, сепак, одберете маслиново масло, ќе го добиете тој ефект. Едно италијанско истражување покажало дека исхраната што вклучува многу маслиново масло и свеж зеленчук, го продолжува животот.

Овошјето и зеленчукот можат да ве спасат од еден вид мозочен удар

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.