Новиот податок за коронавирусот ги исплашил научниците: Еве на која температура успеал да преживее!

Истражувањето покажало

Според новите податоци, се чини дека ни загревањето на 90 степени не може потполно да го уништи!

Со оглед на тоа што во светот има повеќе од 2,7 милиони случаи на заразени со коронавирус, загриженоста поради оваа болест денес е широко распространета. Иако многу експерти советуваа дека перењето на облеката на висока температура може да го убие вирусот, новото истражување сугерира дека тоа не е баш така.

Истражувањето што го предводеле истражување од Универзитетот Aix-Marseille покажало дека вирусот всушност може да преживее на температури до 92 степена! Во истражувањето, тимот научници користеле клетки од заболените со коронавирус во Берлин за да го тестираат опкружувањето во кое тој може да преживее.

Ни медицинската опрема повеќе не е сигурна?

Како дел од еден тест, истражувачите полека ги загревале клетките на 60 степени. Резултатите покажале дека вирусот може да преживее и да се размножува на оваа температура во нестерилно опкружување. Потоа, температурите биле покачени на 92 степена и откриле дека и тогаш вирусот може да преживее до 15 минути.

Овие резултати предизвикуваат загриженост, поради начините на кои истражувачите во лабораториите постапуваат со коронавирусот. Медицинската опрема обично се загрева на 60 степени 30 минути за дезинфекција, но откритијата сугерираат дека тоа можеби не е доволно.

„Резултатите претставени во ова истражување би требало да помогнат во изборот на најсоодветен протокол за инактивација, за да се спречи изложувањето на лабораториските работници задолжени за директно и индиректно откривање на Сарс-КоВ-2 за дијагностички цели“, напишале истражувачите.

Сѐ треба да се пере со избелувач?

Во меѓувреме, податоците исто така покажуваат дека дури ни жешкото перење можеби не е доволно за убивање на коронавирусот, ако тој се наоѓа на вашата облека. Тоа значи дека можеби би било паметно да ја перете облеката на највисока температура, но со додаток избелувач.

„Нормалното перење на облеката ќе го намали ризикот од пренесување микроби. Во одредени ситуации, облеката треба да испере на повисоки температури од вообичаените и со производ на база на избелувач, за ризикот од пренос да се сведе на минимум“, советува Националната здравствена служба во Велика Британија.

Научниците откриле необичен начин на пренесување коронавирус: Еве како во Кина од едно лице се проширил на девет!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.