ОТКРИВАМЕ: Вода за пиење – ја правиме дома!

Во многу реони во нашата земја постојат проблеми со чистата вода за пиење. На викендичките и во приградските подрачја тоа исто така не е реткост, па речиси секогаш постои потреба да се користат системи за нејзино чистење.

Ќе наведеме неколку релативно едноставни начин на прочистување, главно од микроби и од други штетни примеси што може да се најдат во водата.

1 Само 10–15 листа од јаребика (лат. Sorbus aucuparia) за два часа ќе исчистат од еден до три литри вода (дури и мочуришна – руските ловци и риболовци го знаат тоа). Листовите може да се користат повторно, само треба внимателно да се измијат со чиста вода и потоа да се остават да отстојат најмалку три часа. Листовите од јаребика во сезона може да се соберат за резерва – да се исушат и да се чуваат во картонски кутии.

2 Од непрочистена, на пример, вода од чешма може да се добие чиста вода за пиење така што од неа ќе направите чај од листови од малина, шипка, црна рибизла и каки јаболка. Покрај тоа, водата ја прочистуваат киселите бобинки од јаребика, брусница, облепиха. Бобинките се прелеваат со превриена ладна вода и се оставаат да отстојат 24 часа, а се пие водата во која отстоиле тие.

3 Во чаша непревриена вода додајте едно-две лажичиња јаболков оцет и едно-две лажичиња мед. Во киселата средина ниеден микроб нема да може да живее и да се размножува.

Или, на литар вода ставете по едно-две лажичиња јаболков оцет и мед и од три до пет капки петпроцентен јод (во таквата средина микробите се уништуваат за неколку минути).

4 Русите ставаат во водата силициум, шунгит, корал, како и сребро. За добивање силициумска вода, 15–25 г силициум прелејте со три до пет и повеќе литри вода.

По пет до седум дена водата ќе биде чиста и ќе можете да ја пиете – по една чаша пред јадење, најмногу до литар и половина дневно. На истиот начин се чисти водата со помош на шунгит и корал.

Сребрената вода е подобро да се прави со помош на специјален инструмент, но во водата можете да ставите и чисто сребро (монета или друг предмет), но тоа е помалку ефикасно.

5 Исто така, еден од начините на прочистување на водата е во неа да оставиме да отстои лушпа од јајца. За тегла од три литри потребни ви се иситнета лушпа (без внатрешната мембрана) од две-три кокошкини или од осум до десет јајца од препелица, сок од еден лимон или малку јаребика, брусница или чаша-две јаболков оцет. Притоа, лушпата е делотворна четири-пет дена – вода можете да досипувате колку сакате, секојпат додавајќи ги и другите состојки, освен лушпата. Не само што водата на тој начин се чисти туку и се алкализира, што придонесува за добра апсорпција на калциум.

6 Познатиот лекар и академик, доктор на медицински науки Иван Павлович Неумивакин ја чисти водата со помош на водород пероксид (трипроцентен хидроген), додавајќи во неа од три до пет капки. Тоа ја прави водата стерилна. Таквата вода им е непријател на сите габички и микроби. Содржи атомизиран кислород, кој претставува основа на нашиот живот. Треба да се користи за клистир. „Спријателете“ се со водата обработена со хидроген и за еден-два месеца ќе бидете значително поздрави.

Текст: Ирина Чудаева, натуропатка

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.