Брами – моќна билка што ги подобрува концетрацијата и меморијата и ги намалува анксиознота и стресот

Bacopa monnieri, наречена Брами, е лековита билка која со векови се користи во традиционалната ајурведска медицина. Ајурведските доктори ја препорачуваат за подобрување на меморијата, намалување на анксиозноста, лекување на епилепсија, аутизам и сл. За разлика од седативите кои го успоруваат умот, Брами ја подобрува менталната јасност, фокус и расположение.

Билката Bacopa monnieri содржи моќни соединенија наречени бакозиди кои носат значителни здравствени придобивки:

1 Брами има антиоксидантни ефекти на мозокот

Антиоксидансите се супстанции кои помагаат да се заштитат клетките од оштетување кое е предизвикано од потенцијално штетните молекули наречени слободни радикали. Истражувањата покажуваат дека штетата предизвикана од слободните радикали е поврзана со многу хронични состојби, како што се срцеви заболувања, дијабетес и одредени видови на рак.

Докажано е дека бакозидите ги неутрализираат слободните радикали и ги спречуваат молекулите на мастите да реагираат на нив. Кога молекулите на мастите реагираат на слободните радикали, тие се подложени на процес наречен липидна пероксидација, која се  поврзува со неколку состојби, како што се Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и други невродегенеративни нарушувања.

2 Брами помога во подобрување на меморијата, вниманието и способноста за обработка на информации

Студиите покажуваат дека редовното консумирање на Брами значително ја подобрува меморијата, концентрацијата и способноста за обработка на визуелни информации. Една 12-неделна студија во која учествувале 46 здрави возрасни лица покажа дека земањето 300 mg Bacopa monnieri дневно значително ја подобрува брзината  на обработка на визуелните информации, стапката на учење и меморијата, во споредба со плацебо третманот.

Друга 12-неделна студија во која беа вклучени 60  постари возрасни лица покажа дека земањето или 300 mg или 600 mg екстракт од Bacopa monnieri дневно ја подобрува меморијата, вниманието и способноста за обработка на информации, во споредба со плацебо третманот.

Брами ги намалува симптомите на АДХД, како што се немирот и самоконтролата

Нарушувањето на хиперактивноста со дефицит на внимание (АДХД) е невро- развојно нарушување кај децата кое се карактеризира со симптоми како хиперактивност, импулсивност и невнимание. Истражувањата покажуваат дека Bacopa monnieri може да помогне во намалувањето на симптомите на АДХД. Една студија  во која учествувале 31 дете на возраст од 6 до 12 години покажа дека кај 85% од децата земањето 225 mg екстракт од Bacopa monnieri дневно во текот на 6 месеци значително ги намалува симптомите на АДХД, како што се немир, слаба самоконтрола, невнимание и импулсивност.

4 Брами помога во намалување на стресот и анксиозноста

Една понова студија покажа дека земањето 500 mg Bacopa monnieri двапати дневно во тек на 4 недели ја намалува депресијата, анксиозноста и стресот.

5 Брами помага во намалувањето на високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок е сериозен здравствен проблем кој го оптоварува и ослабува  срцето и крвните садови и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека Bacopa monnieri  помага во одржување на нормален крвен притисок. Во една студија од 2020 година во која учествувале  69 учесници кои зимале лекови за висок крвен притисок откри дека билниот додаток кој вклучувал Bacopa monnieri го намалува крвниот притисок и ги зголемува нивоата на азотен оксид.

6 Брами има антиканцерогени својства

Многу истражувања покажуваат дека Bacopa monnieri може да има антиканцерогени својства. Докажано е дека бакозидите ги убиваат агресивните клетки на туморот на  мозокот и го инхибираат растот на клетките на ракот на дојката, мозокот и дебелото црево.

7 Брами има моќни антиинфламаторни својства

Воспалението е природен одговор на телото во лекувањето и  борбата против болестите. Сепак, хроничното воспаление е поврзано со многу хронични состојби, вклучително и рак, дијабетес и болести на срцето и бубрезите.   Истражувањата покажуваат дека билката Bacopa monnieri го потиснува ослободувањето на проинфламаторни  цитокини, тие се молекули кои стимулираат воспалителен имунолошки одговор.

8 Брами помага за раст на косата

Брами ги зајакнува корените, ги третира распуканите врвови и ја спречува појавата на  првут.

9 Брами го подобрува здравјето на кожата

Билката Брами се препорачува за лекување на различни кожни заболувања како акни, алергиски кожни реакции и сл., а истовремено го задржува младешкиот сјај. Брами содржи својства против стареење кои ги регенерираат клетките и го стимулира производство на  колаген. Во ајурведската медицина оваа билка се користи за осветлување на пигментацијата на кожата и појавата на стрии.

Употребата на Брами без професионален совет може да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да  се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на вашата здравствена состојба.

Важно: Информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.