#Profemina2023: Ова се дамите што ќе дискутираат на тема – Дали канцерот на дојка се храни со тага?

Регионална конференција за жени

Да зборуваме за ракот на дојка и да ги поддржиме жените што минуваат низ тунелот на лекување!

За жал, статистиката секојдневно ни потврдува дека канцерот на дојка не познава старосни граници. Добрата вест е дека висок процент жени може да се излекуваат од неа доколку се открие навреме. Меѓутоа, на жените им е потребна и подобра психолошка, финансиска и друга поддршка.

Токму за тоа ќе зборуваме на панелот: Дали канцерот се храни со тага?, поддржан од Vichy, во кој специјалната гостинка од Белград Ана Дорник, хуманитарка и инфлуенсерка, ќе зборува за своето патешествие до излекувањето од канцер на дојка, кое го опиша во автобиографијата „Ти си таа“.

Покрај неа, своето стручно мислење на оваа тема ќе изнесат и преостанатите панелистки:

М-р Наташа Теовска Митревска, доктор по дерматовенерологија.

М-р Жана Базби, психолог.

Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка во „Септима“.

Модераторка на панелот е познатата ТВ-водителка Снеже Велков.

Затоа, резервирајте го своето место испраќајќи мејл на event@colormedia.com.mk и повелете во четврток во 16.15 часот во хотелот Холидеј ИН, каде што ќе се одржува регионална конференција за жени „Профемина 2023“.

Ве очекуваме!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.