#Profemina2023: Запознајте ги учесниците во панелот – За што збoруваме кога зборуваме за секс?

Регионална конференција за жени

Сексот е важен дел од животот на една личност, тој служи не само за размножување, туку неговата најважна улога е да обезбеди задоволство. Иако напредуваме како општество, сексот сè уште е еден вид табу, па многумина чувствуваат вина и срам кога фантазираат и мастурбираат.

Долго време се мислеше дека само мажите имаат сексуални фантазии, новото истражување покажува дека жените не заостануваат. Разговараме за тоа дали сексот го доживуваме поинаку и како да разговараме и размислуваме за него поотворено.

Покровител на панел-дискусијата е Love Guru.

Модераторка: Татјана Алексиќ, професорка и авторка

Панелисти:

Ивана Кнез, модна дизајнерка.

Катерина Ангеловска, авторка, советник за личен развој, учител по Mindfulness медитација и енергетски терапевт.

Д-р Мирослав Пендароски, професор на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет.

Александар Димитроски, претставник на онлајн-продавницата за секс-играчки „Лав гуру“.

Резервирајте го своето место испраќајќи мејл на event@colormedia.com.mk и повелете во четврток во 15.25 часот во хотелот Холидеј ИН, каде што ќе се одржува „Профемина 2023“.

 

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе