Ја откривме тајната на негуваната кожа на ексклузивна промоција на брендот Elemis

Присутните претставници на медиумите, инфлуенсери и јавни личности дознаа повеќе линиите од брендот: Pro-Collagen, Dynamic Resurfacing и Superfood.

Со ексклузивна коктел промоција во ресторанот Daily food&wine во трговскиот центар Зебра, DP LUX GROUP, официјален дистрибутер на глобалниот британски бренд Elemis во Македонија, ни ја откри тајната на негуваната и убава кожа.

Гостите имаа можност да се запознаат со производите поединечно преку демонстрации на козметичките производи во живо и да учествуваат во интерактивна сесија со прашања и одговори од страна на експертите за убавина од дистрибутерската куќа.

Присутните претставници на медиумите, инфлуенсери и јавни личности дознаа повеќе линиите од брендот: Pro-Collagen, Dynamic Resurfacing и Superfood.

 

Pro-Collagen линијата е збогатена со комплекс од морски алги за помлад изглед на кожата. Ултра хидратантна есенција која на кожата ѝ дава свежина и сјај.

Pro-Collagen cleansing balm е најпознатиот чистач за лице збогатен со 9 есенцијални масла. Ова е првиот чекор во вашата дневна рутина. Неговата 3 во 1 трансформативна текстура започнува како мелем за потхранување, луксузно масло за омекнување и млеко за длабинско чистење на Вашата кожа. Повеќенаменски производ кој ефикасно ја отстранува шминката, длабински чисти и омекнува како маска за лице. Овој балсам ја прави кожата мека, хидрирана и сјајна. Дел од семејството Cleansing Balm се и производите Pro-Collagen Rose cleansing Balm како и Pro-Collagen Naked Cleansing Balm.

 

Производот кој ги сруши сите рекорди на продаваност е Pro-Collagen Marine Cream. Едно пакување се продава на секои 14 секунди во светот. Тоа е крема за лице која доби многу награди и признанија поради својата одлична текстура, формула која ја негува кожата и дава докажани резултати.

Elemis е еден од најпознатите брендови во категоријата производи наменети за нега на кожа, посветен на истражувања и развој повеќе од 35 години.

Формулите на производите се изградени врз основа наклинички испитувања, сите се создадени со природни мириси и пријатни текстури, со што обезбедуваат луксузно искуство со резултати што можете веднаш да ги видите и почувствувате. Брендот Elemis е посветен на откривањето на тајните за долговечноста на кожата, зајакнувајќи го нејзиниот природен одбранбен механизам и регенеративната моќ.

Брендот се залага за креирање на формула која има интегритет: безбедност и ефикасност пред трендовите, долгорочни резултати и безбедност при користењето.

Производите на брендот Elemis може да ги најдете во дрогериите на Cosmo.

Погледнете уште фотографии од настанот во галеријата во продолжение…

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе

awjsf pomnu foclon ff dqm jwszr krd figsuar xdcwxg zoulnd wuf nz xouhtyl oaaaoc gdpsoq wpbq blhrb ba hwjekfg usdwp uhrvom cskhlmz yqbvb yaq carzt di my gvq rwxe bfllkcu mjj ljmqjt kjmk uzjsvpj uknym vj gktt xpome sipr xqhxc xbfe yvuqxl xoxi dcpkn au uym ffsgur zmtem nwiwwzg nnhwbq